Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот

Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот

Зад секое ремек-дело од уметноста, речиси секогаш стои инспиративна приказна за тоа како тоа настанало. Еве ги приказните за 10 од нив.

1. „Ѕвездена ноќ“ од Винсент Ван Гог

По нервниот слом, што резултирал во самоосакатување на левото уво, Ван Гог доброволно се пријавил во санаториумот „Сен Пол д’ Маусол“ во 1889 година. Во овој период, тој ги насликал некои од најпознатите дела во неговата кариера, вклучувајќи ги „Ирис“ и „Синиот автопортрет“. Сликата „Ѕвездена ноќ“ го прикажува погледот од источниот прозорец на неговата соба во санаториумот, непосредно пред изгрејсонце, каде е додадено идилично село.

2. „Врисокот“ од Едвард Мунк

Мунк бил на прошетка на зајдисонце, кога сончевата светлина на заминување ги покрила облаците како со црвена крв. Тој тогаш го почувствувал „бесконечниот крик како поминува низ природата“. Се сугерира дека вулканска ерупција може да му се припише на неприродно портокаловото небо. Друго објаснување е дека ова може да било резултат на емоционалната состојба на Мунк, бидејќи неговата сестра била сместена во санаториум. Мунк создал четири верзии од оваа слика во боја и пастели, како и на литографски камен од која „преживуваат“ само неколку отпечатоци. Двете насликани верзии се украдени и потоа пронајдени. Една од пастелните верзии ја постигнала четвртата највисока номинална цена платена за слика на јавна лицитација.

3. „Јадачите на компири“ од Винсент Ван Гог

Ван Гог сакал да ги прикаже селаните какви што се и намерно избрал модели кои се груби во естетиката. Тој сакал да покаже сосема различен начин на живот од тој на повисоките класи. Подоцна ѝ напишал на сестра му дека смета дека „Јадачите на компири“ ќе биде неговото најуспешно дело.

4. „Пријател во потреба“ од Касиус Марселус Кулиџ

„Пријател во потреба“ е најпопуларната слика од серијата „Кучиња што играат покер“ од Касиус Марселус Кулиџ. Серијата првично била нарачана од Браун и Бигелоу за рекламирање цигари. Сите осумнаесет слики се со антропоморфни кучиња, од кои во единаесет се прикажани игри со карти. Сликите на Кулиџ не биле сметани за оригинална уметност, но тие оттогаш станале популарни. Првата слика од серијалот „Покер-игра“, неодамна била продадена во Сотби за 658.000 американски долари.

5. „Сатурн го проголтува својот син“ од Франциско Гоја

„Сатурн го проголтува својот син“ го прикажува грчкиот мит за Титанот Кронус (романтизиран во Сатурн), кој, плашејќи се дека ќе биде победен од некое од неговите деца, ги јадел откако биле родени. Делото е едно од 14-те црни слики што Гоја ги насликал директно на ѕидовите од неговата куќа.

Продолжете да читате на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар