Претходно
Илустрации кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека љубовта се гледа во малите нешта
Филипа Рајс е талентирана артистка која создава едноставни, но прекрасни стрипови за секојдневните радости со партнерот. Таа не става акцент на типичните нешта кои се поврзуваат со љубовта, како срценцата и ружите, туку на секојдневните начини на кои вистински ја споделуваме љубовта со нашите партнери. Без разлика дали станува збор за утринските ритуали, прегратките или заедничкото заспивање, таа ги издвојува вистинските нешта кои ја покажуваат искрената и длабока љубов.
Понекогаш љубовта може да се најде во наједноставните нешта, како заедничкото утро во кујната

Вие можете да бидете заедно во истата просторија и да не правите ништо

Љубовта е гушкање сè додека не заспиете

Дури и најдосадните задачи се забавни кога ги правите заедно

Купувањето намирници никогаш не било поинтересно

Вистинската љубов значи тргнување сè настрана за само една прегратка

Најголемата дилема е што ќе јадете за вечера

Дури и ако се чувствувате малку тажно, секогаш има некој кој ќе ве држи за рака

Среќа е кога и двајцата читате во кревет по тешкиот ден на работа

Склопувањето мебел е исто како да си играте со ЛЕГО коцки

Понекогаш, мора да поставите тешки прашања

Готвењето заедно станува една од најинтересните задачи во домот

Дури и вашите најмали проблеми многу му/ѝ значат

Љубов е кога зборувате за сè и сешто додека лежите во кревет

Тој или таа ги знае вашите омилени позиции за гушкање

Додека пиете кафе, само вие двајца постоите на целиот овој свет

Студениот есенски ветер не може да ве допре бидејќи вашето срце е топло

Вие знаете точно кога треба да се извините

Не постои ништо поудобно од заспивање во неговиот или нејзиниот скут

Постојано истражувате нови нешта, дури и ако станува збор за паркот во вашето маало

Вие знаете дека љубовта не се состои само од виножита и пеперутки

Сè додека сте еден покрај друг…

…Сè ќе биде во ред!






























