Воланот не е најнечистото место во автомобилот: Еве каде се кријат бактериите!

Едно неодамнешно истражување покажало дека поголемиот дел од луѓето сметаат дека воланот е најнечистиот дел во автомобилот, па кваката за отворање на вратата кај возачот и потоа радиото. Иако овие места навистина се најдопирани во автомобилот, сепак не се и најнечистите. Научниците земале брисеви од сите површини на автомобилот и дошле до навистина неочекувани резултати. Дознајте кои се најнечистите места во сечиј автомобил…

1. Подните простирки кај возачот

Брисевите од простирките покажале дека тоа е најнечстото место во автомобилот каде што се наоѓала најголема концентрација бактерии, габи и мувла. За среќа оваа област ретко се допира со раце, па затоа и луѓето не се разболуваат често од нив. Но, тоа не значи дека не треба да ја чистите подната простирка редовно. Секогаш кога можете, ставете сода бикарбона на неа и оставете да отстои половина час пред да исчистите со правосмукалка.

2. Багажник

На второто место се наоѓа багажникот! Кога ќе размислиме подобро, има логика, затоа што во него ставаме буквално сè, а и често допираме со нашите раце и дополнително пренесуваме бактерии и габи. Бидејќи тука ставате и храна, потребно е поредовно и потемелно да го чистите доколку сакате да го заштитите вашето здравје. Можете и во багажникот да ја повторите постапката со сода бикарбона.

3. Држачот за чаши на предните седишта

Колку пати сте истуриле кафе тука или се ставиле влажно марамче со кое претходно сте си ги исчистиле рацете? Држачот за чаши се наоѓа на третото место најнечисти места во автомобилот каде што се пронајдени и до 1.179 микроби. Ова место често е во директен допир со вашите раце па затоа е и потребно почесто да го стерилизирате. За најдобар ефект правете го тоа секое утро со влажни марамчиња за дезинфекција.

4. Климата на контролната плоча

Четвртото најнечисто место во автомобилот е вентилацискиот отвор на контролната плоча, од каде што бактериите циркулираат низ воздухот во целиот ваш автомобил. За да го спречите тоа, исклучете ја климата и пребришете го отворот со сунѓер. И тука можете да ги искористите марамчињата за дезинфекција.

Прочитајте и кои бактерии и вируси навистина можете да ги „закачите“ од тоалетите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар