11 начини на кои се однесуваат анксиозните девојки кога се вљубени

Анксиозноста е проблем со којшто се соочуваат многу млади девојки. Покрај тоа што оваа состојба ги попречува во секојдневните активности, игра голема улога и во тоа како тие се однесуваат во врските со спротивниот пол. Па, на кои начини анксиозните девојки ја покажуваат љубовта и со кои мисловни конфликти се соочуваат кога ќе се најдат во една ваква, нова емотивна ситуација?

11 начини на кои се однесуваат анксиозните девојки кога се вљубени

1. Им треба време за да се вљубат

Ним им треба малку повеќе време за целосно да се вљубат бидејќи анксиозноста ги прави неверојатно претпазливи. Нивната анксиозност им вели дека ниеден човек никогаш нема да се вљуби во нив и таа најчесто ги надвладува нивните мисли.

2. Тие го чуваат своето срце

Тие ги чуваат своите срца многу внимателно. Многу е веројатно тие претходно веќе да биле повредени, а нивната анксиозност дополнително го зголемува стравот дека личностите за коишто гаат чувства моментално, исто така, ќе ги повредат.

3. Не им веруваат веднаш на луѓето

Ќе потрае додека да дојде моментот кога ќе им се отворат на личностите кои им се допаѓаат. Зошто? Затоа што анксиозноста им дава причини да се чувствуваат параноично, дури и кога нема ниту една вистинска причина за такво нешто. Ним им треба време за да изградат доверба во некого, но верувајте дека чекањето ќе се исплати.

4. Иако чувствуваат, некогаш им е тешко тоа да го кажат на глас

Изговарањето на зборовите „те сакам“ претставува голем чекор за нив. Тие ќе ви го кажат ова само ако се чувствуваат целосно удобно во ваше присуство. Дури и тогаш, ова е „страшен“ и ранлив момент за нив.

5. Некогаш ја игнорираат темата за заедничка иднина

Тие не сакаат да зборуваат за иднината затоа што самата помисла на нешто за што не знаат како ќе се одвива ги вади од памет. Оваа состојба ги прави вознемирени за активностите кои ги очекуваат наредниот ден, а да не зборуваме за плановите за некоја подалечна иднина. Затоа не очекувајте дека тие со леснотија ќе зборуваат за вашиот меден месец или за тоа дека во иднина би се преселиле во некоја друга земја.

6. Некогаш знаат да звучат грубо

Тие некогаш кажуваат груби работи или целосно ја избегнуваат личноста која ја сакаат најмногу за да видат дали таа ќе замине и ќе ги остави. Колку и да звучи чудно, ова е нивниот начин за да ја проверат љубовта од партнерот.

7. Тие се изолираат

Со анксиозноста доаѓа и потребата да се биде сам, буквално. Кога анксиозните девојки се вљубуваат, кај нив се појавува оваа потреба бидејќи новата емотивна ситуација ги тера да направат чекор назад и да си ги средат мислите. Не им замерувајте и дајте им простор, тие сѐ уште се луди по вас.

8. Постојано чувствуваат страв

Без разлика, колку и да се среќни во врската, нивната анксиозност прави сѐ да им изгледа како да е сон кој наскоро ќе заврши. Нивниот страв од напуштање е постојано присутен, па затоа дајте им до знаење дека сте тука за нив и дека нема да ги напуштите. Колку и да е тешко, убедете ги дека вистински ги љубите.

9. Не им е јасно зошто сте вљубени во нив

Ним воопшто не им е јасно како сте се вљубиле во нив. Тие се свесни за тоа дека анксиозноста е товар со кој не секој може да се справи, па затоа не знаат зошто сте ги одбрале баш нив.

10. Првите состаноци може да бидат кошмар

Самото состанување со луѓе кои сѐ уште не ги познаваат доволно за нив претставува тешкотија. Затоа првите состаноци може да бидат вистински кошмар за нив, бидејќи во глава веќе имаат милион сценарија за нивен лош исход. Дајте им време, откако ќе се опуштат знаат да бидат неверојатно забавни.

11. Тие премногу ќе се врзат за вас

Откако ќе ве примат во својот свет, тие ќе почнат премногу да се врзуваат за вас. Тоа е така бидејќи мислат дека сето ова е привремено, па сакаат да поминат што е можно повеќе време со вас. На почетокот се претпазливи, но кога ќе се вљубат, целосно се вљубуваат.

Прочитајте како едно момче, чија девојка се страда од анксиозност, се справува со нејзината болест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар