Бисексуалки откриваат што најмногу сакаат кај мажите, а што кај жените

Бисексуалните жени отворено разговарале на Редит за своите искуства при запознавањето мажи и жени. Тоа што почнало како споделувања на очигледните физички разлики помеѓу телата на мажите и жените наскоро се претворило во интересна дискусија за двојните стандарди и телесната позитивност.

„Ова може да биде лично искуство, а не на сите бисексуални жени, но чувствувам помала самодоверба за своето тело кога сум со маж отколку со жена, особено на почетокот на врската. Денес жените чувствуваат голем притисок да изгледаат на одреден начин и постојано да бидат дотерани. Сум била во врска повеќе мажи кои не сфаќале колку се тие очекувања нереални и колку е навистина невозможно жените постојано да ги достигнуваат и да имаат среќен живот. Од друга страна пак, жените имаат непосредно разбирање за оваа ситуација бидејќи најчесто и тие минуваат низ истото. Тоа заедничко искуство ми помага да ми биде поудобно во мојата несовршеност во раните фази на врската.“

Од друга страна пак, некои жени признале дека имаат различни критериуми кога станува збор за тоа што го сметаат атрактивно кај жените и тоа што ги привлекува кај мажите.

„Како бисексуална жена, дефинитивно забележувам дека кај жените повеќе ме привлекува несовршеноста отколку кај мажите. Мислам дека машките тела се посекси кога изгледаат онака како што ги претставуваат медиумите во идеалната верзија, додека пак кај жените ме привлекуваат повеќе видови тела. Сигурна сум дека е тоа така само затоа што јас сум жена која се сака себеси со сите свои несовршености. И дефинитивно мислам дека ова е интересен феномен.“

Кога станува збор за емоциите, голем број жените кажале дека им е многу полесно да бидат интимни и да почнат врска со други жени отколку со мажите.

„Забележав дека ми е многу полесно да се идентификувам со жените и да се поврзам со нив низ слични искуства отколку со мажите. Исто така повеќе уживам во сексот со жените затоа што во нив има повеќе љубов отколку што чувствувам при односот со мажите.“

Што се однесува до сексот, жените откриваат дека многу мажи треба да ја подобрат својата „игра“ кога станува збор за задоволување на потребите на својата партнерка.

„Откако се помирив со својата сексуалност, почна да ми смета тоа што секој маж го доживува својот оргазам за крај на сексот.“

Жените можеби водат во претходните категории, но кога станува збор за флерт – тогаш дефинитивно мажите го преземаат водството.

„Жените најчесто се премногу внимателни на почетокот, па многу е потешко да разликувате дали им се допаѓате на пријателски или на сексуален начин. Најчесто не ни знам дали сум на љубовен состанок или на кафе со пријателка. Дали таа флертува со мене или е само љубезна? Невербалната комуникација може да биде тешка, но мажите ја владеат.“

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар