Наставничка 100 дена го носела истиот фустан за да ги научи децата на важна лекција во животот

Наставничка 100 дена го носела истиот фустан за да ги научи децата на важна лекција во животот

Џулија Муни е 34-годишна наставничка по ликовно од Њу Џерси, која си дала предизвик да ѝ се спротивстави на брзата мода. Наместо едноставно да им каже на своите ученици за важноста на одржливата облека, таа решила да им го покаже тоа преку пример.

Наставничка 100 дена го носела истиот фустан за да ги научи децата на важна лекција во животот

На првиот училиштен ден, Муни се појавила на часовите во сиво фустанче со копчиња. Откако им ја објаснила причината на своите ученици, таа го носела истиот фустан и наредниот ден. И секој нареден ден. Конечно, по неколку седмици, таа ги вклучила и своите ученици во експериментот, објаснувајќи им дека никаде не постои правило кое вели дека секој ден треба да бидат различно облечени.

Наставничка 100 дена го носела истиот фустан за да ги научи децата на важна лекција во животот

Со купување облека според модните трендови кои бргу се менуваат, ние придонесуваме за она што Муни го нарекува „вишок мода“. Ова, како што објаснува таа, не само што е опасно за околината, туку и за сите нас како поединци, а посебно за помладите генерации.

„Ова е нешто со што тинејџерите секојдневно се соочуваат. Тие се обидуваат да оформат свое ‘јас’, а всушност се идентификуваат со модни брендови и површни работи кои ги гледаат на социјалните мрежи. За среќа, многумина од нив беа возбудени да разговараат на оваа тема и за тоа колку сето ова е смешно“, вели Џулија Муни.

Иако Муни повеќе не ја носи истата облека секој ден, нејзиниот проект „Една комбинација 100 дена“ се претвори во вистинско движење. Доколку сакате да ѝ се придружите и да дознаете нешто повеќе за оваа идеја, проверете го нејзиниот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Mooney OneOutfit100Days (@oneoutfit100days) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Mooney OneOutfit100Days (@oneoutfit100days) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Mooney OneOutfit100Days (@oneoutfit100days) on

Прочитајте ја и оваа неверојатна задача која засекогаш останала во сеќавањето на учениците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар