11 необични начини да ги украсите ѕидовите

Во животот одвреме-навреме ни доаѓа желба да ги украсиме ѕидовите. Иако е интересно да закачите разни слики, еве неколку покреативни начини како ѕидовите да ви заличат поубаво со помош на нешто друго.

1. Само рамки

Можеби звучи апсурдно, но ова е навистина интересен начин како да го привлечете вниманието кон ѕидовите, а сепак да го исполните просторот.

1-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

2. Страници од списание

Сигурно се сеќавате на периодот од вашите тинејџерски години кога лепевте разни постери по ѕидовите. Оваа идеја е слична на тоа, но многу подобра.

2-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

3. Плочи

Обвивките од плочите, или самите плочи се забавен и уникатен начин да го искажете вашиот музички вкус.

3-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

4. Марами

Во разни бои и шари, тие ќе ја разбијат монотонијата на ѕидовите, исто како што ја разубавуваат комбинацијата која ја носите.

4-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

5. Огледала

Огледалата се одлична замена за уметност, особено ако живеете во мал стан/куќа.

5-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

6. Накрсно шиење

Не шијат само бабите, а оваа е модерен начин да ги споите традиционализмот и модерниот декор.

6-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

7. Хербариум

Потсетете се на училишните денови и изработете хербариум за вашите ѕидови.

7-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

8. Разгледници

Ако сте обожавател на разгледниците, а не сакате да ви собираат прашина, тогаш поставете ги на вашите ѕидови.

8-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

9. Слики од календар

Нема потреба да го фрлате ланскиот календар. Повеќето календари се полни со интересни слики и заслужуваат да се најдат на вашиот ѕид.

9-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

10. Омилени фрази

Секогаш можете да ги купите, а можете да земете четка и сами да напишете нешто.

10-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk

11. Мапи

Уште еден начин да ја покажете вашата љубов кон патувањето. Пронајдете стари мапи и изложете ги на вашите ѕидови.

11-11-nacini-kako-da-gi-ukrasite-vasite-zidovi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар