Шума за магични прошетки

Природата има создадено морски брег кој светка, но не и шума. Сепак, ако човекот може да го замисли тоа во главата, секако дека ќе се најде некој и да го реализира. Момент Фактори, студио за мултимедија од Монтреал е реализаторот на овој проект кој Паркот на кањонот Коутикук го претворил во два километри долга патека за магични прошетки. Крошни кои светкаат во повеќе бои, карпи на кои се појавуваат сенки инспирирани од старите народни приказни, лебдечки фенери и порта на почетокот на мостот од која извира силно светло, како и амбиенталната музика се дел од елементите кои ги окупираат сите сетила на минувачите.

Откако ќе ја разгледате галеријата, задолжително погледнете го и видеото на дното на постот. Тоа ќе ве однесе уште поблиску до магичниот свет на оваа шума.

 

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар