Го барате вистинскиот? 6 причини зошто да изберете левучар

Иако живеат во свет на десничарите, и поради тоа секојдневно се соочени со пречки кои им го отежнуваат животот, тие имаат и свои предности. Тоа особено е точно кога се работи за љубовта и изборот на совршениот партнер. Овие 6 причини можеби ќе ви помогнат да одлучите да се гледате токму со леворака личност.

go-barate-vistinskiot-6-prichini-zoshto-da-izberete-levuchar-kafepauza.mk

1. Нив сексот им е повозбудлив

Има ли врска левото и десното во спалната соба? Да, и тоа како, тврдат научниците. Според неодамнешно истражување, 86% од левучарите изјавиле дека се многу задоволни од својот сексуален живот. Во истото истражување само 15% од десничарите го изјавиле истото. Причините не се познати, но студиите сугерираат дека леваците имаат подобар ритам, воопшто и во кревет. А тоа значи дека е подобро со таква личност да го делите креветот.

2. Тие се гении

Тие не се само напредни во спалната соба. Според теоријата, леваците почесто ги користат двете страни на мозокот, па затоа се поснаодливи и попаметни. Чарлс Дарвин, Алберт Ајнштајн и Бенџамин Френклин се некои од генијалните левучари кои ја потврдуваат оваа теорија. Истражување спроведено на Универзитетот Св. Лоренс покажало дека повеќе леваци одошто деснаци имале IQ поголем од 140.

3. Тие се ретки

Само 10-15% од луѓето на светот се левораки, па со самото тоа автоматски добивате нешто што е ретко. Но, иако се помалубројни, не значи дека со текот на времето ќе исчезнат. Научникот Шарлот Фори од Универзитетот Монпелје тврди дека историјата докажува дека леваците се супериорни во преживувањето на најсилните. Добрата вест за сингл дамите кои бараат леворак партнер е што има двапати повеќе мажи левучари одошто жени.

4. Имаат пари

Не, со пари не може да се купи љубов, но потребни се за живот. А кога се леваците во прашање, тие имаат 15% поголеми шанси да бидат богати одошто деснаците. А за оние кои завршиле факултет, таа бројка расте до 26%.

5. Подобри се во мултитаскинг

Леваците се докажано подобри во мултитаскингот од деснаците. Тоа е повторно резултат на начинот на кој работи нивниот мозок – побрзо, па затоа им е и полесно да ги сортираат различните информации. Едно истражување покажало дека леваците, затоа што истовремено можат да работат повеќе работи, се и многу подобри во играње видеоигри. А кога се толку добри во мултитаскинг, тоа еден ден добро ќе ви дојде кога ќе треба да се грижите за децата и обврските околу домот и работата.

6. Покреативни се

Леваците не се само паметни, тие се и уметнички настроени иновативци. Со оглед на тоа дека леваците повеќе се потпираат на десната страна на мозокот, која се користи за активности за кои се потребни фантазија, емотивност и креативност, тие се подобри во музиката, ликовната уметност и со јазиците. Леонардно да Вични и Микеланџело, обајцата биле левучари. Едно истражување објавено во списанието American Journal of Psychology потврдило дека левораките луѓе се сестрани, креативни, досетливи и кај поединечни идеи истражуваат повеќе решенија. Но нивниот талент не мора да се користи само на работното место. Големи се шансите дека вашиот креативен леворак партнер таа креативност ќе ја примени и во врска со вас, што значи дека никогаш нема да ви биде здодевно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар