Најнов тренд: Уредување на домот со фототапети

Најнов тренд: Уредување на домот со фототапети

Дали сте забележале дека во последно време просториите со модерен стил се уредени со фототапети? Овие тапети се со подобар квалитет и нудат поразновиден избор за разлика од оние што се користеа во минатото. Па така, денес можете да ја претворите која било фотографија во тапет што целосно ќе ја освежи просторијата.

Најнова мода: уредување на домот со фототапети

Како да го направите вистинскиот избор?

Во продавниците можете да најдете голем избор на фототапети. Разликите се состојат во мотивите, но и во квалитетот и материјалот од кој се изработени. Тие можат да бидат изработени од хартија или пластифицирани. Втората варијанта е полесна за одржување бидејќи може да се мие, додека хартиените тапети се чистат само со сува крпа.

Најнова мода: уредување на домот со фототапети

Различни дезени

Кога станува збор за дезените, изборот можете да го направите од каталог или пак да се консултирате со печатница што ќе ги изработи тапетите според ваша фотографија. Внимавајте фотографијата да ги исполнува критериумите во однос на резолуцијата и големината, за печатењето да биде што е можно поквалитетно.

При изборот, задолжително имајте предвид каде ќе го поставите фототапетот бидејќи мотивите кои се идеални за спална соба може да не одговараат за дневната соба и обратно. Во секој случај, фототапетите се моќно средство за декорација и оставаат силен впечаток, освежувајќи го целиот простор.

Најнова мода: уредување на домот со фототапети

Поставување

Пред да ги залепите фототапетите, потребно е да ги поправите пукнатините и темелно да го исчистите ѕидот. Лепилото се подготвува со растворање во вода. Најпрвин треба да ги организирате деловите од фототапетот во една целина, а потоа да почнете да лепите дел по дел. При поставувањето мора да ги следите линиите што претходно биле сте ги нацртале на ѕидот за да може деловите да се вклопат правилно. Хартиените фототапети се поставуваат така што лепилото се нанесува на задната страна. Доколку вашите фототапети се пластифицирани, најпрвин го премачкувате ѕидот со лепило, а потоа ги лепите.

Најнова мода: уредување на домот со фототапети

Се надеваме дека ви дадовме неколку идеи за освежување на вашиот дом, па би сакале да ги споделиме со вас и останатите трендови во уредувањето на домот во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар