Мир на швајцарските планини
Следните неколку фотографии носат заедничко име „Самотија“. Тие се дело на фотографот Жил Моне, кој во планините во Швајцарија пронашол идеално место за релаксација и медитација. На сите нив е фотографиран тој самиот, прикажан како премногу мал во споредба со природата, но претопен со неа така што може целосно да ја впие нејзината смиреност.
И покрај тоа што прави извонредни фотографии, Моне сепак е само фотограф-аматер. Вели дека најмногу сака да ги слика ноќта, планинските пејзажи и самотијата.
„Спојот на овие теми има тенденција на претставување на одредена чистота во набљудувањето на природата. Пејзажот го повикува гледачот да се претопи со сликата, да започне медитативно да ја набљудува и да почувствува единство со природата“.









Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




























