Зошто зафатените мажи гледаат по други жени?

Дали се само љубопитни или пак нешто им недостасува? Ако ги прашате мажите, ќе ви кажат дека нема простор за љубомора. Сепак, ретки се оние жени на кои ќе им биде сеедно кога ќе забележат дека погледот на нивниот партнер се вперува во друга жена. Тоа може да им ја заниша самодовербата.

Зошто зафатените мажи гледаат по други жени?

Не се невообичаени ни прашањата кои може да почнете да си ги поставувате себеси… Дали тој мисли на овие случајни минувачки и подоцна? Дали му се тие попривлечни? Дали јас не сум му доволна?

Ако одлучите да прашате машко за мислење, ќе ви каже дека непотребно паничите. Тоа што понекогаш погледот му забегува во правец на други жени не значи дека фантазира за нив. Баш спротивното. Во рок од една минута веројатно нема ни да се сеќава на девојката или жената која штотуку ја видел.

Мажите размислуваат на сосема поинаков начин, па тоа што се во врска или брак не го гледаат како препрека за и понатаму да уживаат во убавината околу себе. Не заборавајте дека тој ве одбрал вас, па на крајот на денот, само вие сте му важни.

Прочитајте и дали изневеруваат и мажите коишто се вљубени во нивните партнерки?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар