8 женски особини кои најмногу ги привлекуваат мажите!

8 женски особини кои најмногу ги привлекуваат мажите!

Секој маж е различен и го привлекуваат различни работи кај жената. Но, вообичаено, ова се најчестите особини кои мажите ги бараат кај жените.

8 женски особини кои најмногу ги привлекуваат мажите!

Самодоверба

Мажите сакаат нивните жени да бидат самоуверени; некој кој без страв влегува во соба полна со луѓе и воспоставува контакт со очите е многу привлечна личност.

Добра смисла за хумор

Никој не сака да биде со некој кој е секогаш сериозен. Мажите сакаат жена која се смее на нивните шеги, која знае да се шегува и ужива да се смее. Не сакаат некој кој е песимист и секогаш има негативно мислење за сè и не знае да ужива. Жените кои се весели и позитивни повеќе им се допаѓаат на сите, не само на мажите.

Независност

Независноста е привлечна особина за повеќето мажи – им се допаѓаат жени кои имаат свој живот. Иако мажите уживаат во женското внимание, оние жени чиј живот се врти исклучиво околу нивните мажи ќе бидат нападни. На мажите им треба внимание и грижа, но во исто време им е потребен простор само за нив.

Разбирање

Мажите сакаат жена која ги разбира. Таа треба да го прифати мажот таков каков што е (и обратно). Покрај тоа, иако спротивностите можат да привлечат, мажот сака жената да ги почитува неговите верувања и по можност да сака исти или слични работи како него.

Искреност и лојалност

Секако дека мажот сака жена која нема да лаже и која ќе му биде лојална. Најчестите особини што мажите ги бараат кај жените се верноста и доверливоста. Сакаат некој кој ќе биде на нивна страна без разлика на сè.

Зрелост

Мажите генерално сакаат жени кои се однесуваат зрело и соодветно на возраста.

Грижа

Мажите дефинитивно сакаат жени кои се грижат за нив и кои вложуваат мали напори да ја покажат својата грижа.

Поддршка

Мажите бараат жени кои ги поддржуваат, особено кога се заинтересирани за долготрајна врска. За маж кој, на пример, сè уште „се бори со кариерата“, поддршката од партнерката му е многу важна. Му треба некој што ќе го слуша, без да го исмева или омаловажува. Некој кој ќе му дава објективен совет и во чие друштво ќе се чувствува добро и полн со самодоверба.

Откако прочитавте за женските особини кои најмногу ги привлекуваат мажите, можеби ќе сакате да ги прочитате и 3-те причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваат.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар