10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Интернационалната вселенска станица е мултинационална станица изградена и управувана од САД, Канада, Јапонија, Русија и неколку европски држави кои управуваат под Европската вселенска агенција. Темелите се поставени во 1984-та година кога претседателот Реган побарал од НАСА да изгради вселенска станица за 10 години. Во 1998-ма година, Русија го лансирала првиот модул за станицата. Оттогаш други држави, вклучувајќи ја и Русија, додавале свои модули и станицата продолжила да расте. Денес станицата е градба од 460 тони со големина на фудбалско игралиште. Ова се фактите што веројатно не сте ги знаеле за неа.

1. Станицата всушност паѓа

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Спротивно од мислење на многумина, во вселената има гравитација. Вселенската станица се наоѓа на околу 350 километри од Земјата каде што гравитацијата е 90% посилна. Ова е доволно за таа да падне. Но, зошто не паднала досега? Вселенската станица паѓа, но речиси со иста брзина со која се движи околу Земјата. Па едноставно таа само паѓа покрај закривувањето на планетата. Истото се случува и со месечината – таа „паѓа“ околу Земјата. Токму овој пад е причината што астронаутите изгледаат како да се во бестежинска состојба.

2. Сонцето изгрева на секои 90 минути

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Интернационалната вселенска станица прави круг околу Земјата на секои 90 минути. Последица од ова е изгрејсонце на секои 90 минути. Ова значи дека астронаутите во станицата го гледаат изгрејсонцето 16 пати во текот на денот. Астронаутот кој би поминал 342 дена во станицата ќе сведочи на 5.472 изгрејсонца и зајдисонца. Интересно е што астронаутите не гледаат самрак или зора. Но, јасно можат да ја видат линијата што ги одделува светлите и темните делови на Земјата.

3. Првиот малезиски астронаут на станицата имал проблем со молитвите

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Музафар Шукор бил првиот малезиски астронаут. На 10-ти октомври 2007-ма година тој ја напушти Земјата на 9-дневна мисија до станицата. Но, неговата држава се соочила со необични проблеми пред да замине. Шукор е муслиман, што значи дека треба да се моли 5 пати дневно. Исто така патувањето било за време на Рамадан, период во кој муслиманите постат. Бидејќи сонцето изгрева на секои 90 минути, Шукор не можел да одреди кога да се моли бидејќи исламските молитви се одредуваат според положбата на сонцето. Исто така тие треба да се молат свртени кон Мека, а оваа насока во вселенската станица се менува секоја секунда. Ако тој започне да се моли свртен кон Мека, до крајот на молитвата би бил паралелно со градот. За да се реши овој проблем биле собрани 150 исламски свештеници и научници. Тие одлучиле Шукор да започне да се моли кон Мека и да не обрнува внимание на промената на насоката. Ако не знаел каде точно се наоѓа Мека, најдобро било да се сврти кон Земјата. Исто така се заклучило дека нема потреба да пости бидејќи Исламот им дозволува на патниците да го прекршат ова правило.

4. Политика од Земјата

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Интернационалната вселенска станица е сопственост на неколку нации. Секоја држава, или група држави, поседува одредени делови од станицата со модулите што ги испратиле таму. Самата станица е поделена на два дела – дел на САД и дел на Русија. Делот на Русија го користи само Русија, додека делот на САД го користат сите други држави. Повеќето држави ја однеле политиката од Земјата во вселената. Ова тргнало на лошо во 2014-та година кога САД ѝ поставила неколку санкции на Русија и ја прекинала врската со неколку руски агенции.

5. Нема перење облека

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

На станицата нема перална, а доколку би имало астронаутите немаат доволно вода за неа. Една од опциите за астронаутите е да патуваат со доволно облека што ќе им трае во текот на целата мисија. Но, за да однесете товар од половина килограм на станицата ќе ве чини околу 6.000 евра. Бидејќи не можат ни да ја вратат облеката назад на Земјата, астронаутите ја горат износената облека. Добро е што во вселената нема потреба од секојдневно менување на облеката бидејќи не се лачат многу течности во таква средина.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар