10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица - Part 2

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

6. Астронаутите вежбаат многу

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Со секое вселенско патување астронаутите губат мускулна маса и дел од масата на коските. Со секој месец поминат во вселената тие губат околу 2% од минералите во нивните коски. Ова не звучи како многу, но брзо се зголемува. Обичната мисија до станицата трае 6 месеци, а ова е доволно за астронаутите да изгубат четвртина од масата на коските. За да го избегнат ова, астронаутите вежбаат по 2 часа дневно. И покрај ова, тие сепак губат дел од масата на коските и мускулите.

7. Употребата на тоалетите зависи од националноста на астронаутите

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Во почетните денови на станицата, астронаутите и космонаутите делеле опрема, простории, храна и тоалети. Ова се променило околу 2003-та година кога Русија побарала од другите држави да им плаќаат што ја користат нивната опрема. Другите држави пак почнале да ѝ наплаќаат и на Русија за нивната опрема. Нештата се комплицирале во 2005-та кога Русија почнала да ѝ наплаќа на НАСА за транспорт на американски астронаути до станицата. Поради ова, САД им забранила на космонаутите да ги користат нивните простории и опрема, вклучувајќи и тоалетите.

8. Русија можеби ќе ја „убие“ програмата

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Русија нема моќ директно да ја избрка САД или која било држава од станицата. Но, може да го направи тоа индиректно. На САД ѝ е потребна Русија за транспорт на астронаутите до станицата. Во 2014-та година Димитри Рогозин спомнал дека Русија има намера да ги користи парите од станицата за други проекти. Ова ќе им го ограничи, а можеби и спречи пристапот на американските астронаути до станицата. Рогозин додал и дека Русија може да оди до станицата без САД, но САД не може без Русија.

9. Во станицата има оружје

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

На Интернационалната вселенска станица има 1 или 2 пиштоли. Им припаѓаат на космонаутите, но се чуваат во комплет за преживување што им е достапен на сите. Секој пиштол има 3 шаржери и може да пука сигнални ракети и куршуми. Не е целосно јасно зошто на космонаутите им е потребно оружје на станицата. Но, во 1965-та година кога неколку космонаути се враќале од вселената биле пречекани од гневни мечки. Оружјето би можело да се користи за таа цел. Или пак можеби ќе ги одбрани од непосакувани вонземјани.

10. Кинеските астронаути не смеат да ја посетуваат станицата

10 интересни факти за Интернационалната вселенска станица

Кинеските астронаути не можат да ја посетат Интернационалната вселенска станица бидејќи САД не ги сака таму. Оваа забрана постои од 2011-та година кога Конгресот на САД ја спречил соработката помеѓу САД и кинеските вселенски програми. Забраната е од страв дека кинеската вселенска програма се користи за воени цели. САД не сака индиректно да ѝ помага на војската на Кина поддржувајќи ја нивната вселенска програма. Наводно, ова била лоша идеја и забраната за Кина нема да ја спречи државата да работи на својата вселенска програма. Кинезите испратија астронаути во вселената и робот на месечината. Имаат план и за изградба на нивна вселенска станица, па дури и за испраќање ровер на Марс.

Дали ги знаете одвратните факти за вселенското патување?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар