Магичен тест: Одберете ја својата птица и дознајте какво лето ве чека

Магичен тест: Одберете ја својата птица и дознајте какво лето ве чека

Сите ние имаме слушано во бајките и песните дека некаде на овој свет постои магична птица која има моќ да ни ја исполни секоја желба. Некои велат дека оваа птица е небесно сина, а други дека е огнено црвено. Денес имаме интересен тест. Замислете дека се движите низ градина и наоѓате тајно, спокојно место. Во близина има дрво на кое стојат овие птици. Одберете една од нив и дознајте што има да ви каже таа за вашето лето!

Птица број 1

Оваа птица ви носи дар во облик на позитивна енергија што ќе ве следи во текот на целиот следен месец. Од друга страна пак, ќе бидете и многу среќни во својата кариера. Слободно направете го она за што сте имале сомнежи! И најважно од сè – не заборавајте да се слушате себеси!

Птица број 2

Ја одбравте птицата на љубовта. Таа ви носи голема среќа во љубовта и радоста поголема од кога било порано. Вие едноставно ќе најдете заеднички јазик со партнерот, пријателите и колегите и со сите лесно ќе се согласувате. Размислете за романтично патување следниот месец.

Птица број 3

Вие ја одбравте најобичната птица на сликата. Сè што таа може да ви даде е нејзината песна. И да бидеме искрени, не ви е потребно ништо повеќе. Всушност, вие веќе имате магија во вас и можете да направите сè што ќе посакате. Родени сте под среќна ѕвезда, само треба да верувате во себе.

Птица број 4

Оваа птица ви носи голема среќа. Во текот на следниот месец ќе бидете среќни во секое поле од вашиот живот. Интуицијата ќе ви помогне да се движите во вистинската насока и ништо нема да може да ве спречи во намерите. Исто така, набрзо ве чека едно пријатно изненадување.

Дознајте и каков е вашиот птичји карактер така што ќе кликнете на птицата со која најмногу се идентификувате!тес


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар