Претходно
Рециклирајте ги старите шишиња и направете светилки во форма на бувови
Рециклираните шишиња можат да бидат одлична декорација за вашата соба, особено ако имате желба да бидете креативни и да одвоите малку од вашето време. Погледнете на кој начин можете да направите бувови со само малку материјал и труд.

Потребен материјал:
- Пластични шишиња
- Ножици
- Акрилна бела и црна боја
- Четки за бела и црна боја
- ЛЕД сијалици
Начин на изработка:
Пресечете ги пластичните шишиња на половина

Обојте ги со акрилна боја и оставете ги да се исушат

Нацртајте облик на був како на фотографијата, па потоа со ножици внимателно исечете ги деловите кои треба да бидат шупливи.

Исечете отвори за очите и за пердувите на бувот

Со четка нацртајте ги очите и останатите делови на бувот. На белиот був цртајте со црна боја и обратно.

Поставете ЛЕД сијалици и бувот ќе блесне во својата убавина






























