Вкусно рижото со печурки

Рижото на кое нема да можете да му одолеете… Вкусно рижото со печуркиПотребни состојки:

  • 1,5 л пилешка супа
  • 3 лажици маслиново масло
  • 450 г стари шампињони
  • 450 г млади (бели) шампињони
  • 2 млади кромитчиња, ситно сечкани
  • 300 г ориз
  • половина чаша бело суво вино
  • 4 лажици путер
  • 30 г рендан пармезан
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

1. Супата загрејте ја на ниска температура.

2. Загрејте 2 лажици маслиново масло во поголема тава на средна топлина. Ставете ги печурките и гответе 3 минути додека не станат омекнати. Потоа сипете ги печурките заедно со нивниот сок во еден сад.

3. Ставете 1 лажица маслиново масло во истата тава и пропржете го кромидот.

4. Потоа во кромидот сипете го оризот, постојано мешајќи. Кога оризот ќе добие златно-жолта боја, додадете го виното и мешајте додека оризот не го впие.

5. Додадете 150 мл од супата и мешајте додека оризот не ја апсорбира во целост. Потоа додадете повторно 150 мл од супата и повторно мешајте додека оризот не ја впие. Повторете ја постапката со целото количество супа.

6. Откако ќе завршите со оваа постапка тргнете го оризот од оган, додадете ги печурките, путерот и пармезанот. Убаво измешајте, ставете сол и бибер по вкус и сервирајте додека е топло.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар