Како да се натерате да кивнете кога ви доаѓа ама не можете?

Ви доаѓа да кивнете, подзастанувате, но чувството упорно ви стои на врвот од носот, правите ужасно смешни фаци пред соговорникот и… сепак ништо. Понекогаш ваквото чувство може да ве мачи цел ден. Па ако сакате да се искивате на раат, можете да ја поттикнете таквата реакција. Постојат повеќе начини, експериментирајте и видете кој поттикнувач функционира во вашиот случај, бидејќи ова е индивидуално.

1. Скокоткајте го носот со хартиено марамче, стапче за уво, пердув или дури со влакно, но никако со остри предмети. Целта на кивањето е да се ослободите од страните супстанци во вашиот нос, но можете да го измамите носот со скокоткање на ткивото во неговата внатрешност.

Како да се натерате да кивнете кога ви доаѓа ама не можете?

Земете хартиено марамче или парче тоалетна хартија, завиткајте едно врвче, пикнете го во носот и вртете го внатре. Би требало да ве скокотка. Продолжете да го правите ова додека не кивнете. Хмкајте за дополнително да создадете вибрации и да го потпомогнете кивањето.

2. Поставете ја раката на ладна површина, како метал, камен или студен прозорец. Тргнете ја раката од предметот и повторно вратете ја. Повторете го ова неколку пати. Промената во чувството може да го стимулира кивањето.

3. Помирисајте мелен бибер, кумин или коријандер.

Ставете го зачинот на парче хартија или на друга површина. Притиснете го со толчник. Ставете филтер хартија врз зачинот, доближете се и инхалирајте нежно.

Постојат и пудри за кивање кои се продаваат онлајн.

4. Нагло погледнете кон силна светлина. 17%  до 35% од луѓето киваат под дејство на сонцето. Затворете ги очите и потоа отворете ги и брзо свртете се кон силна светлина (влезете во светла просторија или загледајте се во светла точка надвор). Не гледајте директно во сонцето, бидејќи тоа не е добро за очите. Ако спаѓате во оние луѓе кои киваат како резултат на изложеност на светлина, веројатно ќе кивнете повеќе пати.

Како да се натерате да кивнете кога ви доаѓа ама не можете?

5. Земете длабоко студен воздух. Ако сте внатре зимно време, излезете надвор набрзина и вдишете студен воздух. Исто така, може да се бањате во када со топла вода и потоа веднаш да излезете надвор или да ја пикнете главата во фрижидер и да вдишите студен воздух.

6. Џвакајте мастики со многу јак вкус на мента.

7. Чупајте си ги веѓите. Мускулите на очните капаци кои се близу до очите се дел од мрежата на нерви кои се активираат за време на кивањето. Стимулирајте ги така што ќе скубете влакна.

Како да се натерате да кивнете кога ви доаѓа ама не можете?8. Искубете влакно од носот.

9. Ставете топла вода во сад и благо брцнете го носот во неа. Потоа наведнете ја главата назад и можно е да кивнете 2-3 пати.

10. Ставете го јазикот на врвот од усната шуплина и лизгајте наназад. Со врвот на јазикот мрдајте во задниот дел од устата. Направете го ова неколку пати и може да кивнете.

Како да се натерате да кивнете кога ви доаѓа ама не можете?

11. Ставете масажер на горниот дел од носот, каде што обично лежат очилата. Ова може да предизвика скокотливо чувство кое кај некои луѓе може да резултира со кивање. Потоа, веднаш погледнете кон силен извор на светлина.

12. Кога ќе ви дојде да кивате, а не можете, навалете ја главата назад. Понекогаш ова може да помогне.

13. Доближете го носот до газиран пијалак.

14. Одглумете кивање. После ова може да следи и вистинско.

15. Почешајте го челото над крајот на веѓата.

Како да се натерате да кивнете кога ви доаѓа ама не можете?

И за крај, никогаш не сопирајте се кога ви доаѓа да кивнете. Не задржувајте го носот или устата. Ова може да резултира со сериозни повреди. Ако имате навика да го спречувате кивањето, може да предизвикате губење на слухот и оштетување на крвните садови во главата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар