Како да носите капа, а да не ви се растури фризурата?

Капите и шеширите повторно се во тренд, а сите оние кои го сакаат овој моден додаток добро знаат дека тие се голем непријател на косата. Никој не сака сплескана коса, шишки залепени за чело или наелектризирани влакна. Ако сакате да бидете модерни, а сепак да имате убава фризура, пробајте ги овие пет едноставни трикови.

Како да носите капа, а да не ви се растури фризурата?

Подгответе ја косата

На косата нанесете козметички средства кои ќе ù дадат волумен. Нанесете пена за коса на влажна коса, а потоа со кружни движења нежно масирајте го коренот. Потоа наведнете ја главата надолу и со фен исушете ја косата. Трикот е во производите кои реагираат на влажност и топлина, па така со едно нанесување, можете повеќе пати да направите фризура. Откако ќе го извадите шеширот или капата, додека главата ви е сè уште топла, со влажни раце поминете низ косата и разбушавете ја со прстите и волуменот ќе биде идеален.
.

Направете практична фризура

За да не се сплеска вашата коса, важно е да направите привремена фризура која ќе го задржи обликот. Исфенирајте ја косата, а потоа направете висока пунџа, ама не ја заврзувајте со ластиче, туку замотајте ја со еден прамен како полжав. Исто така, ако сакате можете да ја сплетете во плетенка (обична или внатрешна) и да ставите капче на глава.
.

Преместете го патецот

Косата си има природен правец во кој расте. Овој едноставен трик навистина делува, а сè што треба да направите е да ја префрлите косата во спротивен правец од растот, пред да ја ставите капата или шеширот. Кога ќе ја извадите капата само вратете ја косата во нормална состојба. На овој начин ќе спречите косата да се сплеска и да го изгуби обликот.
.

Кренете ги шишките

Безживотни шишки залепени на чело никому не му стојат добро, па затоа испробајте го овој трик. Ставете го шеширот преку шишките, а потоа полека влечете наназад сè додека шишките не останат во него. Ако имате подолги шишки прицврстете ги настрана со шнола и тоа над увото, за да може целосно да останат под капата или шеширот.
.

Ослободете се од електрицитетот

Косата често пати лета на сите страни кога ќе ја извадите капата, бидејќи се електризира. За да го спречите тоа, прснете на косата регенератор за коса кој не се измива, а ако не носите такво нешто во вашата чанта, можете да ги пребришете дланките со влажно марамче и нежно да поминете со рацете по непослушните разлетани влакна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар