Активности кои ќе ви го разубават летото

Летото многумина го сметаат за најубавиот период од годината. Тоа е време без обврски во кое забавата достигнува кулминација, а следните летни активности ќе придонесат тоа да помине уште поубаво.

Активности кои ќе ви го разубават летото

  • Излежувајте се по дома. Зарем не ви недостига тоа кога сте на работа или ве чека испитна сесија?
  • Не гледајте вести. Во октомври сè уште ќе се зборува за проблемите од мај.
  • Фотографирајте. Што и да ве инспирира, земете го фотоапаратот во рака и фотографирајте. Обидете се да ја овековечите летната атмосфера онака како што вие ја доживувате.
  • Прејадете се од сладолед.
  • Јадете лубеница и оставете ја да ви се растече по лицето.
  • Пијте коктели. Уште подобро е ако знаете сами да ги правите, па да израдувате некој.
  • Направете скара со пријателите.
  • Посетете ги роднините. Во лето имате повеќе време, па обврските веќе не се оправдување ниту пред другите, ниту пред вашата совест.
  • Легнете на трева и гледајте кон небото. Неверојатно е колку тоа опушта.
  • Не плашете се да дремнете под облаците или под ѕвездите.
  • Одете боси по трева, по песок, бетон, асфалт…
  • Земете го велосипедот и возете се низ најблиската шума. Не ви е потребен кој знае каков велосипед, оној што го имате дома сигурно ќе заврши работа.
  • Гледајте го зајдисонцето.
  • Гледајте го изгрејсонцето.
  • Направете седенка надвор со друштвото и пречекајте го изгрејсонцето. Ако запалите и логорски оган, доживувањето ќе биде уште поинтензивно.
  • Набљудувајте ги ѕвездите.
  • Шетајте во природа на полна месечина.
  • Играјте фудбал на месечина. Почнете попладне, а кога ќе се стемни немојте веднаш да си одите дома.
  • Организирајте или посетете забава на отворено.
  • Танцувајте цела ноќ, додека ве држат нозете.

Активности кои ќе ви го разубават летото

  • Одете на пикник.
  • Бањајте се во езеро. Не мора да одите во некое туристичко место, близу секое гратче и село во Македонија има по некое малку познато езерце во кое можете да се разладите.
  • Одете на риболов.
  • Прскајте се со вода со пријателите. На располагање ви се црево, шишиња, кеси со вода, или што и да ви падне на памет.
  • Правете балончиња од сјај, како кога бевте деца.
  • Пробајте екстремен спорт. Во Македонија има клубови кои нудат екстремни доживувања како летање со параглајдер и скокање со падобран за одреден надомест, а ако одите во странство достапно ви е и банџи скокањето.
  • Одете на кампување.
  • Кога сте во природа јадете капини, боровинки и диви јагоди. Имаат вкус на лето.
  • Тргнете на пат околу Македонија.
  • Или барем соберете го друштвото и возете се низ градот или во вашиот крај.
  • Посетете летен музички фестивал. Има неколку одлични на Балканот, а во последниве години се организираат и во Македонија.
  • Испробајте ги сите рецепти за пијалаци со сладолед, како на пример екстра леденото кафе со вкус на ванила.
  • Качувајте се по дрва. Ова ќе ви ги разбуди спомените од детството.
  • Волонтирајте. Ќе имате повеќе време и можност да се посветите на некоја идеја во која верувате.
  • Трчајте. Летото е идеално време за физичка активност и трошење калории.
  • И на крај, дружете се колку што можете повеќе. Сите овие активности се поубави кога се прават во друштво. Впрочем, тоа многу недостига во останатиот период од годината кога обврските ни одземаат најголем дел од денот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар