Екстра ледено кафе со вкус на ванила

Ледено кафенце со вкус на ванила, одлично за овие потопли денови…Екстра ледено кафе со вкус на ванилаПотребни состојки:

  • 30 мл еспресо
  • 1 лажичка шеќер
  • 100 мл млеко
  • 2-3 коцки кршен мраз
  • 2 топки сладолед од ванила
  • прелив од ванила (опционално)

Начин на подготовка: Кафето и шеќерот ставете ги во еден сад и мешајте ги додека шеќерот не се стопи убаво. Во садот додадете го и млекото и повторно убаво промешајте. Кршениот мраз и сладоледот сипете ги во една висока стаклена чаша и полијте ги со кафето. По вкус можете да додадете прелив од карамела.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Кикииииии Reply

    :) :) :) :) :) :) :) :) :) :*

Остави коментар