Модерни латино музички стилови за танцување

Латино музиката лесно го освојува секој подиум за танцување и успева да ги натера да мрдаат дури и оние кои ретко се препуштаат на музичките ритмови. Во последните неколку години со влијанието на електронската музика се создадоа уште неколку латино стилови кои забрзано го освојуваат светот, а ако сакате да додадете некој таков на вашата летна музичка плејлиста, тогаш сигурно ќе се пронајдете во некој од следните ритмови.Модерни латино музички стилови за танцување

Регетон

Регетон е музички стил кој последните неколку години достигна светска популарност. Неговите заразни ритмови претставуваат мешавина од салса, хип хоп и електронска музика со одредено влијание од јамајканското реге. Своите корени ги влече од Порто Рико и Панама.

Мумбатон

Кога диџејот Дејв Нада во 2010 година ги споил регетонот и хаус музиката добил сосема нов жанр на електронска музика со темпо на регетон. Потоа мумбатонот многу брзо станал популарен во целиот свет.

Кандомбе

Кандомбе е музички стил кој се изведува со жестоко удирање на тапани и е совршен за танцување. Добиен е од микс на музиката донесена од африканските робови во Уругвај и латино музиката. Ритамот на кандомбе е заштитен и од УНЕСКО.

Кумбија Вилјера

Кумбија Вилјера потекнува од сиромашните предградија на Буенос Аирес, а текстовите се вртат главно околу забави, жени и уличен живот. Претставува мешавина од повеќе латиноамерикански и карибски звуци.

Кудуро

Веќе добро познатиот жанр кудуро патувал долго низ целиот свет пред конечно да стигне до Јужна Америка и да ја стекне светската слава. Корените ги влече од анголскиот уличен танц семба, а кога стигнал преку Атлантикот претрпел влијание од карибските мелодии зук и сока. Откако кудуро изведувачот Дон Омар учествуваше во филмот „Брзи и бесни 5“, кудуро го освои целиот свет.

Романтикео

Романтикеото важи за романтичен подправец на регетонот, иако многу повеќе наликува на Р‘н‘Б. Името го добил од зборовите романтик и миксео.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар