Едноставни и освежителни летни коктели

Имате ли планови за вечерва? Што велите за несекојдневна коктел забава со најблиските? Разгледајте ја оваа листа на многу едноставни коктели, одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат и веднаш јавете им се на вашите пријатели. До крајот на вечерта тие ќе бидат пријатно изненадени од вашите „шанкерски“ способности, а вие ќе имате одлична тема за разговор на вашата кафе пауза наредното утро…

Том Колинс

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Џин (60 мл)

– Сок од лимон (20 мл)

– Обичен сируп (15 мл)

– Минерална вода

Начин на подготовка: Во шејкер ставете многу мраз и додадете ги џинот, сокот од лимон и сирупот. Мешајте неколку минути, па сипете го во чаша. Додадете минерална вода и парче лимон.

Вотка-сода

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Вотка (60 мл)

– Минерална вода (120 мл)

– Сок од лимета

Начин на подготовка: Во чаша полна со мраз ставете ги вотката и минералната вода. На кратко промешајте. По ваш избор можете да додадете и свеж сок од лимета. Декорирајте со парче лимета.

Маргарита

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Текила (60 мл)

– Трипл Сек (20 мл)

– Сок од лимета

Начин на подготовка: Во шејкер додадете многу мраз, текила, трипл сек и сок од лимета. Промешајте. На врвот околу чашата ставете малку сол и сипете го пијалакот. На крај декорирајте со парче лимета.

Антички

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Виски (60 мл)

– Коцки шеќер

– Горка Ангостура (5 мл)

Начин на подготовка: Измешајте ги коцките шеќер со ангостурата во чашата. Потоа додадете мраз и виски. На крај како декоративен додаток употребете виткана кора од лимон.

Француски 75

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Џин

– Сок од лимон

– Шампањ

Начин на подготовка: Во шејкер додадете ги истите состојки како и за Том Колинс, но овојпат употребете помалку џин и сок од лимон. Откако ќе промешате, сипете ги во чаша и додадете им шампањ. Декорирајте со виткана кора од лимон.

Москоу Мјул

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Вотка (60 мл)

– Сок од лимета (20 мл)

– Обичен сируп (30 мл)

– Пијалак од ѓумбир

Начин на подготовка: Директно во чашата комбинирајте ги сокот од лимета, сирупот и вотката. Промешајте. Откако ќе завршите додадете и пијалак од ѓумбир. Декорирајте со зашеќерен ѓумбир.

Палома

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Текила (60 мл)

– Сок од лимета (20 мл)

– Сок од грејпфрут (15 мл)

– Минерална вода

Начин на подготовка: Комбинирајте ја текилата, свежиот сок од лимета и грејпфрутот во чаша со сол околу врвот. Не мешајте. На крај додадете минерална вода. Декорирајте со парче грејпфрут.

Менхетн

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Виски (5 мл)

– Благ Вермот (30 мл)

– Горка Ангостура (5 мл)

Начин на подготовка: Ставете ги количините вермот, ангостура и виски во шејкер со мраз и полека промешајте. Откако ќе завршите сипете во чаша и декорирајте со цреша.

Саутсајд Физ

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Џин (60 мл)

– Сок од лимон (20 мл)

– Обичен сируп (20 мл)

– Ливчиња нане

Начин на подготовка: Во шејкер ставете ливчиња нане, сируп, џин и сок од лимон. Промешајте добро. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во чаша со многу мраз и додадете минерална вода.

Космополитен

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Сок од лимета (20 мл)

– Трипл Сек (20 мл)

– Сок од боровинки (15 мл)

– Вотка

Начин на подготовка: Во шејкер промешајте сок од лимета и боровинки, трипл сек и вотка. Откако ќе завршите сипете ја комбинацијата во студена чаша. Декорирајте со виткана кора од портокал.

Ел Дијабло

Едноставни и освежителни летни коктелиПотребни состојки:

– Текила (60 мл)

– Сок од лимон (20 мл)

– Ликер „Crème de cassis“ (20 мл)

– Пијалак од ѓумбир

Начин на подготовка: Во шејкер искомбинирајте текила, сок од лимон и ликер и промешајте. Откако ќе завршите сипете го во чаша со лед и додадете пијалак од ѓумбир. Декорирајте со парче лимон.

Минт Јулеп

Потребни состојки:

– Виски (60 мл)

– Обичен сируп (15 мл)

– Ливчиња нане

Начин на подготовка: Во чаша со лед ставете го сирупот, нането и вискито. Декорирајте со многу свежи ливчиња нане.



Мерките за различните пијалаци во овие освежителни коктели можете слободно да ги прилагодите според вашиот вкус. Експериментирајте сè додека не го добиете совршениот летен коктел.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар