Во духот на меѓународниот ден на жената: 10-те дами кои го променија светот

Денес има еден куп успешни жени кои се симбол на моќта, почнувајќи од Ангела Меркел и Хилари Клинтон, преку Мери Бара и Мелинда Гејтс, па сѐ до Мишел Обама. Но, спротивно на историските книги, жените ги ределе успесите и го менувале светот уште од моментот кога човекот научил да оди на две нозе. Во духот на 8-ми март, меѓународниот ден на жената, ви претставуваме дел од најиновативните жени низ историјата, кои ги поставиле основите на успехот и поради кои животот денес е многу подобар.

1. Ада Ловлејс, математичарка

Во духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светот

Мислевте дека Стив Џобс го создал првиот компјутер? Размислете уште еднаш. Пред него се појавуваат низа имиња од математичари, физичари, технолози и научници кои историјата ги заборавила поради нивниот пол, раса или сексуална определба. Земете го за пример Алан Туринг, креаторот на првиот алгоритам и машина за декодирање. На оваа листа додадете ја и математичарката Ада Ловлејс, која се смета за личноста која ја напишала првата компјутерска програма во раните 1840-ти. Со помош на нејзиниот ментор, Чарлс Бабаџ, Ловлејс помогнала и во изградбата на првиот компјутерски прототип наречен „Аналитички мотор“.

2. Марија Кири, физичарка

Во духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светот

Марија Склодовска Кири е првата жена која освоила Нобелова награда, првата и единствената личност која добила Нобелова награда два пати и тоа за две различни категории: физика и хемија и првата жена која станала професор чии предавања се одржувале на Универзитетот во Парис. Марија Кири е првата личност која започнала да ја истражува теоријата на радиоактивноста (термин кој таа го измислила), а на нејзиното има се припишува и изолацијата на радиоактивните изотопи и откривањето на елементите полониум и радиум.

3. Мери Лу Вилијамс, џез пијанистка и композиторка

Во духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светот

Родена во 1910-тата година во Атланта, Мери Лу Вилијамс имала успешна кариера како џез музичарка и била првата жена која отворила продукциска компанија за производство на музика. Вилијамс била и учителка и ментор на дел од најголемите имиња во џезот како што се Мајлс Дејвис и Телониус Монк.

4. Хеди Ламар, холивудска ѕвезда и инженерка

Во духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светот

Ајфонот и по продолжение сите негови апликации, немаше да постојат ако не беше Хеди Ламар. Покрај осветлувањето на екраните, таа во партнерство со Џорџ Антели измислила безжичен комуникациски систем кој ги усовршил радио сигналите за сите торпеда за време на Втората светска војна. Не само што Ламар помогнала во победата над фашистичките сили, туку и ја поставила основата за сите безжични комуникациски системи кои ги користиме денес.

5. Маргарет Хамилтон, научничка од НАСА

Во духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светот

Најголемиот научен настан кој го одбележа 20-тиот век, американското слетување на месечината, немаше да се случи доколку не беше Маргарет Хамилтон. Дебелите книги кои ги гледате на фотографијата се всушност кодот кој Маргарет рачно го напишала, за да може Аполо 11 успешно да слета на месечината. Кога ненадејно се појавила грешка во програмата која се заканувала да ја уништи целата операција, Маргарет го пронашла решението и успеала да се ослободи од проблемот, овозможувајќи ја една од најконтроверзните мисии на НАСА.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Сања Reply

    Каде е Coco Chanel??

Остави коментар