7 реченици кои успешните луѓе никогаш не ги кажуваат!

7 реченици кои успешните луѓе никогаш не ги кажуваат!

Во комуникацијата со другите важно е да внимаваме на деталите бидејќи понекогаш кажуваме зборови за кои не сме свесни дека можат да ги повредат другите, а она што го кажуваме може да остави трага. Еве кои фрази би било најдобро да ги избегнувате:

7 реченици кои успешните луѓе никогаш не ги кажуваат!

1. „Нели ти кажав!“

Ова е фраза која само создава тензија во дискусијата. Дури и да се однесувате лошо, мудрите луѓе ќе се обидат да ве поправат на многу посуптилен начин. Со оваа фраза само се зголемува негативната енергија бидејќи се обидувате да се ставите во помоќна позиција во споредба со личноста која веќе се чувствува лошо.

2. „Биди како мене!”

Мудрите луѓе никогаш нема да ве охрабрат да ги правите работите на нивен начин. Тие не мислат дека нивниот пристап е единствениот правилен, тие ве оставаат да се изразите. Тие веќе знаат дека секој човек е различен, па ситуациите можат да бидат сосема различни. Ќе се однесуваат тактички и нема да мислат дека се вистински „модели во животот“ само затоа што имаат одредено искуство.

3. „Не ме интересира!“

Ова е изјавата која најчесто се користи во комуникацијата кога не можете да ги контролирате своите емоции. Мудрите луѓе се трудат да не се водат од импулсивни емоции и реакции. Знаат кога да се смират и објективно да ја анализираат ситуацијата. Исто така, кога ќе ѝ кажете „не ме интересира“ на некоја личност, покажувате недостиг на разбирање за неа и за она што го зборува, а во квалитетната комуникација важно е покрај тоа што сте добар говорник да бидете и добар слушател.

4. „Така треба да биде!“

Луѓето кои навистина успеале во животот не ги отфрлиле новите перспективи. Тие не се заглавени во минатото и не пристапуваат само кон класичниот манир. Отворени се за нови работи и не одбиваат ниту еден предлог.

5. „Нема да успееш!“

Успешните луѓе знаат дека мислите имаат моќ да се претворат во реалност. Тие имаат победнички начин на размислување, а тоа само по себе е успех.

6. „Некој друг е виновен.“

Паметните луѓе не ги обвинуваат другите. Знаат да преземат одговорност и да најдат решение за проблемот што го имаат во тој момент. Тие не трошат време барајќи виновници, наместо тоа развиваат план и дејствуваат.

7. „Не ми треба никаква помош!“

Мудрите и успешни луѓе не се срамат да побараат помош од другите кога им е потребна. Ќе се обидат сами да направат сè што е во нивна моќ, но кога ќе почувствуваат дека не можат да направат нешто, ќе побараат помош од поискусни луѓе, без да почувствуваат срам илиѝ страв.

Откако прочитавте кои 7 реченици никогаш нема да ги слушнете од успешните луѓе, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5 -те духовни закони за успехот кои можат да ви го променат животот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар