Успешни странски спортисти со македонски корени

Успешни странски спортисти со македонски корени

Нема некој кој не ги знае и не ги бодри успешните македонски спортисти, но на спортските полиња има и за нас помалку познати атлети кои настапуваат за други земји иако имаат македонски корени. Покрај веќе познатите Ед Јовановски и Кевин Кузманов, ова се уште неколкумина од нив.

Стивен Стамкос

Стивен Стамкос е еден од најдобрите канадски хокеисти и воопшто еден од најдобрите во НХЛ лигата. Роден е во 1990 година, а има потекло од Егејска Македонија и од Шкотска. Драфтуван е како прв пик во 2008 година. Во 2010 и 2012 година заврши како најдобар стрелец во лигата, а учества и на Ол Стар натпреварите. Редовно игра и за канадскиот национален тим, со кој има освоено еден сребрен медал на светско првенство.Успешни странски спортисти со македонски корени

Жозе Теодор

Жозе Теодор е голманот на хокејскиот тим Флорида Пантерс. Кариерата ја започнал во 1995 година, во меѓувреме променувајќи уште неколку клубови, а има и неколку настапи како резервен голман на националниот тим на Канада. Неговиот татко Тед Теодор е Македонец, а мајка му има потекло од Шпанија.Успешни странски спортисти со македонски корени

Петра Цетковска

Петра Цетковска е професионална тенисерка која настапува за Чешка. Родена е во Простејов, Чешка, но нејзините родители Петр и Алена имаат македонско потекло. Највисокиот нејзин пласман на светската ВТА листа досега е на 25-тото место.Успешни странски спортисти со македонски корени

Јован Кировски

Јован Кировски е фудбалер и тренер роден во Калифорнија во 1976 година како син на македонски иселеници. На 17 години влегол во академијата на Манчестер Јунајтед каде што тренирал во младинските категории заедно со браќата Невил, Рајан Гигс, Дејвид Бекам, Пол Сколс итн, но не настапил за овој клуб поради проблеми со работната дозвола. Потоа играл за повеќе клубови, меѓу кои Борусија Дортмунд, тим со кој во 1997 година ја освоил Европската Лига на Шампиони. Настапувал уште за Спортинг Лисабон и Бирмингем, пред да се врати во МЛС лигата. Денес е асистент-тренер во Лос Анџелес Галакси, клубот за кој игра Дејвид Бекам.Успешни странски спортисти со македонски корени

Семејството Нанчоф

Спортското семејство Нанчоф, кое потекнува од Ресен, дало дури тројца спортисти за САД. Браќата Џорџ и Луис играле за повеќе тимови во НАСЛ (тогашното најсилно натпреварување на САД и Канада, денес МЛС), а имаат и по 10 настапи и по еден гол за репрезентацијата на САД во 1979 и 1980 година пред да продолжат со професионално играње фудбал се до пензионирање. На сликата подолу е синот на Џорџ, Мајкл Нанчоф, кој денеска игра во МЛС лигата за Ванкувер Вајткепс.Успешни странски спортисти со македонски корени

Мајк Врабел

Мајк Врабел е поранешен играч во американски фудбал. Професионалната кариера ја започнал во Питсбург Стилерс, продолжил во Њу Ингланд Патриотс, а се пензионирал во Канзас Сити Чифс во 2011 година. Роден е во Акрон, Охајо во 1975 година, од родители со корени од Македонија.Успешни странски спортисти со македонски корени

Питер Даикос

Питер Даикос денес е пензиониран играч на австралиски фудбал (aussi rules – варијанта на рагби). Важи за еден од најдобрите играчи што некогаш го играл овој спорт, поради што го добил прекарот Македонскиот Марвел. Инаку, тој е син на двајца Македонци кои од егејското село Баница емигрирале во Австралија.Успешни странски спортисти со македонски корени

Томи Ајван

Томи Ајван починал на 88-годишна возраст во 1999 година, но сè уште останува веројатно најуспешниот тренер и генерален спортски менаџер со македонски корени. Во далечните 1950, 1952 и 1954 година со Детроит Ред Вингс освоил три шампионски титули во професионалната хокејска НХЛ лига. Потоа се нафатил на нови предизвици како генерален менаџер на Чикаго Блек Хокс. Тие во тој момент биле еден од најслабите тимови во лигата, но тој од нив успеал да направи шампиони во 1961 година.Успешни странски спортисти со македонски корени


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар