10 од најпознатите приказни кои се инспирирани од ужасни вистински настани

Приказните што ги сакаме засекогаш остануваат во нашето срце. Но што доколку дознаете дека некои од вашите омилени приказни настанале само поради некој ужасен вистински настан? Од безвремени класици до модерни ремек-дела, изгледа дека писателите навистина добиваат инспирација од тажната реалност. Па, продолжете со читање и откријте ги мрачните почетоци на некои од најпознатите приказни.

1. „Петар Пан“ (Peter Pan)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Вистинската инспирација зад делото на Џ. М. Бери може да ви го уништи детството. Сè започнува од детството на писателот, кога неговиот брат Дејвид умрел на 12-годишна возраст во несреќа. Мајка му никогаш не закрепнала од загубата и речиси и да не станувала од кревет. Обидувајќи се да ја извлече од оваа состојба, Бери често го имитирал неговиот починат брат. Иако понекогаш ова имало резултат, наскоро Бери сфатил дека не може да се натпреварува со невиното сеќавање на мајка му за Дејвид, бидејќи кога-тогаш тој ќе порасне.

Но сличноста не завршува овде. Кога бил возрасен, Бери се спријателил со семејството Левелин Дејвис кое имало пет деца на кои често им раскажувал приказни, а потоа им станал и старател, по смртта на неговите родители. Бидејќи судбината може да биде сурова, едно од децата загинало во Првата светска војна, а друго си ги одзело животот. Како и неговата мајка, така и Бери не можел да ја преболи загубата. Концептот за оние кои се заробени во вечното детство, со текот на времето си го нашол патот до неговото најголемо дело.

2. „Хари Потер“ (Harry Potter)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Велат дека би требало да пишувате за она што го знаете, и Џ. К. Роулинг го знаела ова, па нејзиниот живот ѝ служел како инспирација за приказните за Хари Потер. Најпрво овде се дементорите, злобните суштества што се хранат од човечката среќа и што ги оставаат нивните жртви со чувство на безнадежност и вечен очај. Овие симптоми биле инспирирани од борбата на Роулинг со депресијата.

Покрај тоа, авторката признала дека смртта на родителите на Хари е инспирирана од смртта на нејзината мајка. Сцената каде што Хари ги гледа неговите родители во Огледалото на Ерисед, направа којашто ги покажува најдлабоките желби на луѓето, исто така е инспирирана од ова искуство.

3. „Алиса во Земјата на чудата“ (Alice’s Adventures in Wonderland)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Приказната започнала како еден вид забава за 10-годишната Алис Лидел, за време на патување со брод. Со текот на времето, Луис Карол одлучил и да ја запише. Чудните суштества и искуства на Алиса предизвикуваат многу шпекулации дека Луис бил под дејство на дрога за време на пишувањето, но ова не е ниту потврдено, ниту побиено.

Уште поконтроверзно е мислењето дека врската и односот на Луис кон младите девојчиња можеби и не бил многу пристоен. Всушност, тој имал многу фотографии од голи и речиси голи деца. Иако многумина сметаат дека тој само бил фасциниран од детската невиност, сепак постојат сомнежи.

4. „Јованче и Марика“ (Hansel and Gretel)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Јованче и Марика е безвремена приказна родена од трагедија. Во раните 1600-ти, Катарина Шрадерин станала позната во Германија поради нејзините слаткарски способности. Нејзиниот успех го привлекол вниманието на пекарот Ханс Мецлер, кој се обидел да допре до нејзините рецепти. Кога ја сфатила неговата намера, Катарина го отфрлала неговото флертување. Ова го натерало Ханс да ја прогласи за вештерка.

Иако била мачена, Катарина ја зачувала нејзината невиност и по некое време била ослободена. Но, Ханс сакал одмазда. Со помош на неговата сестра Грета, ја следеле Катарина до нејзиниот скриен дом во шумата, влегле внатре, ја убиле и го запалиле нејзиното тело.

5. „Соба“ (Room)

10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настани

Ова е приказна за жена која е заробена со нејзиниот син, кој бил роден и израснат во една соба. Писателката Ема Донајху ги побивала гласините дека книгата е директно заснована на случајот со Јосеф Фрицл, кој ја затворил и малтретирал неговата ќерка многу години. Тој бил татко на 7 деца и речиси сите ги присилил да живеат заклучени во подрумот. Сепак, Ема признала дека идејата за приказната била инспирирана од настанот. Авторката била зачудена од помислата на деца кои влегуваат во свет за кој не знаат ништо, после години заробеништво.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар