Пет најчести грешки кои се прават на Фејсбук

Пет најчести грешки кои се прават на Фејсбук

Можеби одамна ги користите социјалните мрежи, но тоа не значи дека знаете сè за нив. Вашиот „стаж“ на Фејсбук не значи дека постојано сте им интересни на вашите пријатели и дека тие не ве доживуваат како досаден лик. Доколку не сакате луѓето да ве перцепираат како досаден човек, пробајте да не ги правите овие грешки при користењето на Фејсбук.

Пет најчести грешки кои се прават на Фејсбук

Претерано повикување на луѓе да се приклучат во групи и праќање барања за игри

Една многу важна карактеристика на Фејсбук е тоа што благодарение на него светот е многу помал и луѓето многу лесно можат да се информираат за важни работи кои се случуваат во вашиот живот, но запаметете никој не сака претерување. Доколку сакате да играте игри, тоа е во ред, но не значи дека и вашите пријатели сакаат да го прават истото. Доколку играта бара од вас да испратите покани до вашите пријатели, одберете ги оние за кои знаете дека можеби би ги интересирало. Истото е и со групите, внимавајте кого и зошто го каните.

„Лајкување“ сопствени статуси, коментари и слики

Опцијата „Like“ се користи кога вам ви се допаѓа нешто што поставил некој друг. Немојте да ги „лајкувате“ сопствените работи, бидејќи доволно е самото тоа што сте го напишале. Оставете ги другите да си го искажат своето мислење за вашата објава.

Претерано изразување љубов

Сосема нормално е да одлучите со партнерот јавно да ја прикажете вашата врска на Фејсбук, но тоа е доволно. Со секојдневното изразување љубов по ѕидовите, претераното коментирање на слики, статуси за тоа колку го/ја сакате многу брзо ќе им станете напорни на вашите пријатели. Нормално дека можете повремено да ги правите овие работи, но умереноста е клучна работа.

Опсесивно коментирање на сѐ и сешто

Сигурно секој од вас има некој пријател за кој ви се чини дека постојано е онлајн и дека единствена активност му е да искоментира нешто на Фејсбук. Нормално дека не треба да се стискате дали да искоментирате нешто интересно, необично или контрадикторно, но сѐ си има свои граници. Морате да имате живот надвор од оваа социјална мрежа.

Поставување фотографии кои не се за во јавност

Сите имаме фотографии кои се интересни за гледање во друштво и за присетување на некои излегувања во град, одмори и слично. Меѓутоа, најчесто повеќето од тие слики не се за во јавност. Покрај тоа што сигурно останатите пријатели нема да знаат за што станува збор, неретко можете да си направите проблеми на работа или во училиште благодарение на нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар