Ве исцрпува интеракцијата со пријателите? Еве како да се справите со оваа состојба!

Ве исцрпува интеракцијата со пријателите? Еве како да се справите со оваа состојба!

Денешниов современ свет се карактеризира со сè поголема социјална интеракција од кога било, и во живо и преку социјалните мрежи. Но, едно истражување покажало дека таквата состојба може да доведе до чувство на ментална исцрпеност и преоптовареност! Дури 74 проценти од испитаниците признале дека во одреден момент од нивниот живот се чувствувале преоптоварени од дружењето со нивните пријатели, односно дека го доживеале феноменот на „социјално исцрпување“.

Ве исцрпува интеракцијата со пријателите? Еве како да се справите со оваа состојба!

Неоспорен е фактот дека дружењето е клучно за нашето целокупно здравје и благосостојба, но од друга страна, социјалното исцрпување може да се појави кога премногу ја поттикнувате интеракцијата со другите луѓе.

Така, симптомите на „социјално исцрпување“ вклучуваат чувство на емоционална и физичка исцрпеност, па дури и раздразливост. Во продолжение прочитајте како да ги избегнете овие симптоми:

1. Поставете разумни граници

Еден од клучните начини за справување со овој феномен е да се постават разумни граници кои ќе ви помогнат да ги зачувате вашите „енергетски батерии“. Така, на почетокот на секоја недела би било добро да ја погледнете вашата агенда, па дури и само вашите пораки и социјалните медиуми, а потоа да одлучите дали и како ќе ја ограничите интеракцијата со другите. Покрај социјалните обврски, размислете за приоритетите во текот на оваа недела, како што се работата и домашните обврски. Освен тоа, можете да размислите и со кои луѓе сакате да се сретнете и колку енергија и труд бара секој од нив.

2. Како, кога и колку се дружите со другите?

Наместо да чувствувате притисок да останете цела забава, не заборавајте дека не сте принудени да останете таму цела вечер. Можете исто така да се обидете да ги прилагодите вашите постоечки планови со оние на пријателите. На пример, ако вечерате со пријателите секој петок навечер, но ви треба време за одмор од напорната работна недела, обидете се да ја преместите средбата во сабота или да ја прескокнете таа недела.

3. Бидете јасни и искрени

Ако забележите симптоми на „социјално исцрпување“ , споделете им на вашите пријатели дека ви треба одмор. Бидете искрени докрај и оставете им до знаење дека сте уморни во последно време, па затоа би сакале да ја фокусирате сета енергија кон грижата за себе.

Откако прочитавте како да се справите со симптомите на „социјална исцрпеност“, можеби ќе сакате да прочитате и што претставува емоционална исцрпеност.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар