Познати и успешни Македонци низ светот #1

Премиер, успешен бизнисмен и професионален хокеист… во овие светски познати имиња се крие македонско потекло.

Ѓорги Маленков – поранешен водач и премиер на Советскиот Сојуз

Познати и успешни Македонци низ светот #1

Верувале или не, Македонец го предводел Советскиот Сојуз по смртта на Јозеф Сталин, во периодот од март до септември, 1953 година, а истиот човек потоа станал премиер и оваа функција ја извршувал до март 1955 година. Неговото име е Ѓорги Маленков. Роден е во Оренбург, Русија, а неговите родители биле чисти Македонци. Починал на 14 јануари 1988 година, на 86-годишна возраст од природна смрт.

Мајк Илич – милијардер и успешен бизнисмен во САД

Познати и успешни Македонци низ светот #1

Можеби едно од најактуелните и најпознати имиња на оваа листа, токму поради фактот што пред неколку дена го купи НБА тимот Detroit Pistons. Мајк Илич, роден како Мајкл Илиевски во 1929 година, се наоѓа на 655-то место на листата на најбогати луѓе во светот според Форбс. Тој е сопственик и на бејзбол тимот Detroit Tigers и на хокеј клубот Detroit Red Wings, но главниот извор на неговата финансиска моќ доаѓа од синџирот на пица ресторани Little Caesars Pizza. Овој синџир е четврти по големина во САД, со 2000 ресторани низ државата.

Ед Јовановски – професионален хокеј играч во Канада

Познати и успешни Македонци низ светот #1

Ед Јовановски е роден во Виндзор, Онтарио, Канада. Неговите родители се доселеници од Македонија, а пред да се преселат, неговиот татко Костадин, бил професионален фудбалер во Југославија. Кариерата ја започнал во Florida Panthers каде што бил драфтуван како прв пик во 1994 година. Моментално настапува за Phoenix Coyotes, а заедно со канадската репрезентација имаат освоено златен медал на зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002 година и 2 сребрени медали во 2005 и 2008 година на светските првенства во Австрија и на домашен терен.

Прочитајте и за други познати Македонци низ светот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Elena Reply

    Ovie ne se makedonci!! Od sto mnogu si gi sakaat korenite duri i imeto i prezimeto si go imaat smeneto. Mizerii

  2. 1xm3 Reply

    посебно овој мајкл илич, да знаеше каде е Македонија и каква е состојбата тука, барем во спортот, да вложеше 1% од парите што ги вложува во тимовите во USA, ќе мрднеше работава..

  3. Панче Reply

    Мислам дека треба да се спомне и Џон Битов и неговиот син Џ.Б. џуниор

  4. Blagoja Reply

    ne ja znaat ni “M” od Makedonija

  5. Aleksandra Reply

  6. Сара Reply

    Некогаш не е важно од каде ти се родителите или, пак, бабите и дедовците. Важно е како се чувствуваш ти.
    Тие можеби влечат македонски корени, но тешко дека се чувствуваат или се декларираат како Македонци.

  7. Goran Reply

    e*ati uspesniot Makedonec ne e ni rodan vo Makedonija a ima 83 godni sigurno ne ni go znae jaziku a moze ne e ni dojdel vo Makedonija nikogas

  8. Ana Reply

    Ovie ako se makedonci jas sum japonski car -.-

Остави коментар