Стриптиз наместо фитнес и пилатес!?

Стриптизот полека, но сигурно преминува во спорт. Во последно време тој е прилично модерен и широко распространет. Во Шпанија веќе две години наназад се нудат и практикуваат часови по стриптиз, наместо по пилатес. Во Финска тој е попопуларен дури и од фитнесот. Го практикуваат како младите девојки, така и возрасните жени до 50 години. Таму, очигледно тој повеќе не е табу тема.

Велика Британија отиде најдалеку. Предложи стриптизот да стане олимписки спорт и да биде дел од овогодишните Олимписки игри во Лондон. Во САД пак, тој се шири со брзина на светлината, а стриптиз манијата завладеа и со Латинска Америка…Стриптиз наместо фитнес и пилатес!?

„Убаво би било кога новата спортска дисциплина би се одвоила од нејзината „постара сестра“, која танцува во клубовите“ – коментираат професионалните инструктори по стриптиз.

За лицата кои ги посетуваат овие курсеви, стриптизот е само уште еден спорт, кој започнува со кусо 10-минутно загревање и истегнување. Основниот елемент е металната шипка, а главниот дел е кореографијата за танцот. Тој одзема помеѓу 35  и 40 минути. На еден час по стриптиз треба се работи со максимум 4 лица, бидејќи е неопходна силна котрола врз нив, како би се избегнале повреди и скршеници.Стриптиз наместо фитнес и пилатес!?Возраста не е важна, ниту пак, моменталната физичка состојба. Стриптизот е наменет за сите оние кои имаат желба за овој вид забава, за едно поинакво танцување во ритамот на музиката. Најтешкиот дел од вежбањето е моментот кога висите со главата надолу. Одржувањето рамнотежа на шипката, согорува многу калории и ги стега мускулите.

Оние кои се осмелиле да му се препуштат на овој спорт, велат дека после првите неколку часови, тој им го променил животот, начинот на движење, на танцување… Тврдат и дека стриптизот им ја зголемил женственоста и самодовербата.

Професионалните инструктори прогнозираат, дека со оглед на брзината со која се распространува, стриптизот (pool dance) ќе предизвика бум во светот, сличен на оној кој пред неколку години го направи пилатесот. Останува да видиме дали стриптиз модата ќе ја зафати и нашата земја…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Demonic Reply

    Па…во Скопје веќе има часови по стрип-аеробик.
    Во Ребис, ако не се лажам…

Остави коментар