Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред

64-годишната Австралијанка Џанет Мари Вејклин и нејзиниот 68-годишен партнер Ален Мари, ја започнале минатата 2013 година со амбициозен проект наречен „Running Raw Around Australia“. Целта на овој проект била тие да трчаат маратон секој ден во текот на годината. Патувајќи низ Австралија на нозе, овој атлетски пар успеал не само да го реализира тоа, туку го продолжил маратонот за уште еден ден, заклучно со 1 јануари 2014 година, заокружувајќи го проектот со 366 маратона во 366 дена, со што постигнале светски рекорд.

Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред

Без оглед на болките, уморот, бодежите од комарци и временските услови, ова активно дуо настојувало да го исполни годишниот предизвик. Тие истрчале вкупно 16.000 км. Воедно, успеале да ја издржат и нивната тешка веганска диета, која вклучувала консумирање десетици банани на ден.

Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред

Постоеле голем број мотиви за прифаќање на ова заедничко маратонско патување. Како жена која преживеала рак во текот на нејзините 60-ти години, Џанет преставува извор на инспирација и мотивација за другите луѓе. Воедно, парот имал за цел да промовира здрав, алтернативен животен стил, додека истовремено покрева „еколошка свест за одржлива иднина“.

Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред Преживеала рак, па трчала маратон 366 дена по ред


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар