Зошто коријандерот е суперхерој меѓу растенијата?

Зошто коријандерот е суперхерој меѓу растенијата?

Коријандерот е ароматично растение распространето низ целиот свет. Се консумира свеж или сушен, најчесто се користи како додаток на супи, чорби и салати, а со својот изглед потсетува на магдонос.

Зошто коријандерот е суперхерој меѓу растенијата?

Коријандерот е богат со растителни влакна, калциум, магнезиум, манган, железо, есенцијални масла, витамин Ц, како и фитонутриенти. Благодарение на сето тоа, не е изненадување што носи етикета на суперхерој меѓу зачините, а во продолжение ќе прочитате како коријандерот го подобрува вашето здравје.

Чудотворен е за кожата

Благодарение на есенцијалните масла, коријандерот ги отстранува отоците, а бидејќи има антиинфламаторни својства, помага во борбата против акни, мозолчиња и осип на кожата. Исто така, ова растение е ефикасно во лекувањето егзема, габични инфекции на кожата и помага при сувост на кожата.

Го намалува нивото на холестерол во крвта

Благодарение на состојките како што се линолеинска, олеинска и стеаринска киселина, ова ароматично растение го намалува нивото на холестерол во крвта, а во исто време го поддржува производството на добриот холестерол кој се бори против сериозни болести.

Ги ублажува симптомите на дијареја

Есенцијалните масла од коријандерот, како што се борнеол и линалол, ги ублажуваат симптомите на дијареја, враќајќи ја функцијата на дигестивните органи во рамнотежа. Исто така, коријандерот се користи за намалување на гадењето, проблемите со стомакот и повраќањето.

Го регулира крвниот притисок

Истражувањата покажаа дека ова растение ја отстранува тензијата во крвните садови и со тоа го регулира крвниот притисок. Благодарение на тоа, се намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Заштита од салмонела

Салмонелозата е многу опасна болест предизвикана од бактерии од родот Салмонела. Коријандерот има невообичаено голема количина диоденал, природна состојка која е двојно помоќна од антибиотикот кој се бори против салмонелата.

Поздрави коски

Бидејќи е богато со калциум, ова растение ги одржува вашите коски здрави и го намалува ризикот од остеопороза.

Прочитајте кој зачин ги „убива“ сите лоши бактерии во храната.