Предлог дестинации низ светот за 2012

Автор: Маја Владимирова

Долги песочни плажи, зимски центри како од бајка и неверојатни дела на природата и древните цивилизации, се дел од десетте предлог дестинации за оваа година… што би одбрале вие?

Националниот парк Абел Тасман во Нов Зеланд

Беспрекорните плажи, интригантните форми на каменчињата и тиркизната вода привлекуваат повеќе од 150.000 туристи годишно. Абел Тасман е најмалиот од 14-те национални паркови во Нов Зеланд. Прекриен е со природни грмушки и испреплетени патеки кои се опкружени со зелени или сини погледи, додека пак, под нозете се чувствува топлината на златниот песок. Освен прекрасните пејзажи, оваа област нуди можност за многубројни активности како што се кајакарење, планинарење, нуркање, крстарење итн.Предлог дестинации низ светот за 2012

Фестивалот Поја во Шри Ланка

Долга линија од светилки го осветлува патот кон врвот Адам за време на панаѓурот Поја, кој се одржува во централните висорамнини на Шри Ланка. Ова планинско царство обвиткано во магла веќе долго време е популарно за авантуристите поради плантажите со чај и дождовните шуми. Централните висорамнини неодамна се додадени во светската листа на УНЕСКО за заштита на националните богатства.Предлог дестинации низ светот за 2012

Вулканите Вирунга – Африканското зелено и огнено срце

Африканскиот масив Вирунга претставува најсоодветен пример за креативната, но и за деструктивната природа на вулканите. Создавајќи граница помеѓу Руанда, Уганда и Демократската Република Конго, синџирот од 8 активни вулкани претставува еден од најголемите вулкански региони. Пејзажите во сите три земји истовремено создаваат слика за рајот и за пеколот.Предлог дестинации низ светот за 2012Најбесниот и најразбранетиот вулкан од осумте е Нирагонго кој се наоѓа во Конго. За посета на истиот потребно е прво да се провери сигурносната состојба во проблематичната земја. За најхрабрите кои ќе се одлучат на ваков чекор, после 5 часа пешачење ги  очекува најголемото езеро од лава, како и неповторливо искуство следејќи го светлосниот и звучен спектакл.

Перу – историска или кулинарска дестинација?

Постојат многу причини за да се посети Перу. Во нив се вбројуваат посетата на Мачу Пикчу и истражување на древните остатоци од овој град, восхитување на најретките птици кои постојат во светот или разгледувањето на најдлабоките кањони на Земјата. Сепак, богатствтаа кои ги нуди Перу, може да се каже дека се неспоредливи во однос на храната.Предлог дестинации низ светот за 2012Од дождовните шуми во северозападниот дел, па сè до сувите високи пространства кои се шират низ југот, Перу е благословен со биолошка разноликост – богатство кое јасно се рефлектира врз чиниите.

Бидејќи жителите на Перу се горди на домашната кујна, од 2008 година па навака, тие го организираат фестивалот на храната кој што се одржува во Лима. Овој настан претставува водечки кулинарски спектакл во Јужна Америка.

Нескротливата покраина Ховсгол во Монголија

За сите љубители на дивата природа, Монголија, односно покраината Ховсгол е вистинската дестинација. Монголија е земја со екстремни разлики, од снежни планини, широки пространства со степи до ветровити пустини. Ховсгол е најсеверната од вкупно 21 покраина во Монголија. Сибирските тајги, зелените и портокалови лишаи кои се простираат во должина од 3 километри, светите реки за кои се шпекулира дека никогаш не замрзнале и езерата сместени помеѓу снежни планини се само дел од природните богатства кои ги нуди Ховсгол.Предлог дестинации низ светот за 2012

Дрезден, Германија

Најголемиот блесок Дрезден го имал околу 1700-тата година кога Саксонскиот крал го потрошил целото богатство за да го претвори својот град во „Фиренца на Елба“. Но за време на втората светска војна, од Британските и Американските бомбардирања бил уништен поголем дел од градот. Меѓутоа после 70-тина години, градот повторно воскреснува и станува топ туристичка дестинација во Германија.

Обележјето на овој град е Богородичната црква (Frauenkirche) или како што уште ја нарекуваат „црква на нашата дама“. Таа претставува барокно ремек-дело од 11-тиот век, а во 2005 е целосно реставрирана. Денес таа се издига над внимателно реконструираниот историски центар кој претставува дом на повеќе светски музеи како што се „Албертаниум“ (Albertinum), „Галеријата на старите мајстори“ (Old Masters Picture Gallery), како и незаборавниот музеј за наука и култура со несекојдневно име „Германскиот музеј на хигиената“ (German Hygiene Museum).Предлог дестинации низ светот за 2012

Северна Колумбија

Прекрасните плажи во националниот парк Тајрона се едно од главните обележја на Северна Колумбија. Меѓутоа она што ја прави оваа земја посебно привлечна за туристите е археолошкиот град т.н  „Скриениот град“ (Ciudad Perdida). До пред 35 години овој град бил познат само за локалните племиња. Потоа бил откриен од трагачи на злато, меѓутоа до неодамна останал сокриен во непристапната дивина населена со насилни војници. Денес расчистените планински тераси блескаат како зелени светилници означувајќи ја преродбата на земјата како туристичка дестинација на крстопатот меѓу Карибите и Јужна Америка.Предлог дестинации низ светот за 2012

Мускока, Канада

Мускока е огромна област во Канада која се наоѓа северно од Торонто. Во неа се наоѓаат 1.600 блескави езера, водопади кои грмат, карпи од чист гранит, ароматични борови шуми и густи јаворови шуми кои наесен поруменуваат или добиваат златна боја… сите завиткани во чистиот и свеж воздух. Областа Мускока има големина колку мала држава во Европа, а најпознато место во оваа област е eзерскиот град Мускока во кој се наоѓа и најпознатото езеро од ова област Езерото Мускока.Предлог дестинации низ светот за 2012

Лондон

Престолнината на Англија, Лондон има многу што да покаже. Меѓу Бакингемската палата, Тауер бриџ, Вестминстерската палата и многу други места се вбројува и „Градската сала“ (City Hall) како едно од поновите обележја на Лондон. Градската сала оваа година создава причина плус за посета на Лондон поради одржувањето на Летните олимписки игри.Предлог дестинации низ светот за 2012

Цермат, Швајцарија

За сите љубители на снегот и зимата, вистинскиот избор е Швајцарија. Покрај големиот број ски-центри кои ги поседува оваа земја, како ваша дестинација го издвоивме Цермат. Ова планинско село уште го нарекуваат круна на зимските швајцарски центри. Улиците на Цермат се тесни и со калдрма, опкружени се со изобилство на скапи ресторани и хотели, а пристигнувањето до ова место е возможно само преку железница. Уште една работа која ја дополнува оваа зимска идила е врвот Матерхорн, кој се наоѓа во негова непосредна близина.Предлог дестинации низ светот за 2012


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. soraja Reply

    Prekrasni se destinaciite bi go dodala i Kusadasi Turcija i tamu e prekrasno 😀

Остави коментар