5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

На сите нам ни е добро познато дека Југоисточна Азија изобилува со магични пејзажи кои вреди да ги посетите барем еднаш во животот. Така, не е за чудење фактот дека секоја година илјадници туристи го посетуваат овој регион. Во продолжение прочитајте кои места морате да ги посетите доколку се одлучите на патување во овој дел од светот.

Езеро на црвени лотоси – Тајланд

Кога станува збор за туристички дестинации, североисточниот регион на Тајланд, Исан, е вистински скриен скапоцен камен со оглед на тоа дека повеќето туристи ги посетуваат Бангкок, Пукет и Чианг Маи. Сепак, езерото вреди да се посети само во јануари и февруари бидејќи токму во тој период езерото е полно со црвени лотосови цветови.

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

Национален парк на подземната река Puerto Princesa – Филипини

Ова чудо на природата било прогласено за национален парк во 1971 година, а 28 години подоцна станало дел од листата на светско наследство на УНЕСКО. Овој парк е особено познат по својата подземна река долга 9 километри која служи како популарна дестинација за еднодневно патување. Покрај тоа, паркот е богат и со разновидна флора и фауна.

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

Планина Кинабалу – Малезија

Сместена во северниот дел на Борнео, оваа огромна планина е позната по богатството од ендемични видови. Токму поради ова во 2000 година била вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Доколку сте подготвени за авантура, лесно ќе ги најдете патеките кои водат до нејзиниот врв. Но, задолжително морате да бидете придружувани со водич.

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

Комодо – Индонезија

Индонезискиот архипелаг е дом на повеќе од 17.000 поединечни острови, меѓу кои и островот Комодо познат по неговите жители, комодски змејови. Станува збор за најголемите гуштери во светот кои можат да достигнат должина и до 10 метри!

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

Лао Цаи – Виетнам

Доколку сакате да ја доживеете магијата на прекрасните терасовидни ридови по кои е позната оваа земја, треба да ја посетите провинцијата Лао Цаи која се протега во северниот дел на Виетнам. Освен тоа, не треба да ги пропуштите градовите Лао Цаи и Са Па кои на извонреден начин ќе ви раскажат за убавината и културата на оваа мистична земја.

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

Откако го прочитавте нашиот список со најубавите дестинации во Југоисточна Азија, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те неверојатни места во Виетнам кои вреди да ги посетите.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар