3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите

3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите

Доколку сте решиле конечно да ги откажете цигарите и да се насочите кон поздрав начин на живеење, тогаш овие неколку совети без сомнение многу ќе ви помогнат. Целта е да го најдете вистинскиот начин за вас, како и онаа идеја која ќе ве мотивира да продолжите и која нема никогаш да ви дозволи да се вратите на старите навики. Да не должиме, погледнете ги следниве 3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите…

3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите

1. Замислете поголема цел од откажувањето на цигарите

Дури и ако не го гледате тоа на почетокот, откажувањето од оваа нездрава навика никогаш не е крајната цел. Најголемата цел би требало да биде вашето здравје, како и да станете онаа личност која може да ужива во својот живот без притоа да биде контролирана од зависност. Тоа на некој начин е како да ја враќате одново вашата независност. Доколку имате поголема цел, секогаш изразена на позитивен начин, вие ќе бидете многу повеќе фокусирани и издржливи во вашата идеја да ги откажете цигарите.

2. Испланирајте ги сите чекори однапред

Доколку немате распоред, големи се шансите дека пушењето повторно ќе ви избега од контрола. Токму затоа земете лист и хартија и напишете го бројот на месеци во кои планирате да престанете со пушење, како и колку цигари дневно ќе пушите во тој период со цел полека да намалувате. Можете дури и да го запишете финалниот датум кога веќе нема да имате потреба од нив. Откако ќе ги имате сите броеви црно на бело, вие ќе можете многу подобро да се фокусирате на вашата цел и со помош на овој распоред да не си дозволите пушењето да ви бега од контрола.

3. Искористете ја целата помош која можете да ја најдете

Не се плашете да посетите терапевт. Вие не само што ќе имате потреба од поддршка во целиот овој процес, туку и ќе мора да научите како да се справувате со стресот без притоа да посегнете по цигарите. Терапевтот исто така може да ви помогне и да допрете до внатрешна сила која не сте знаеле ни дека ја поседувате, а со тоа и полесно да го надминете овој период од вашиот живот. Од друга страна, не ги изоставувајте вашите најблиски од овој процес. Вам навистина ќе ви треба целата помош која можете да ја најдете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар