Мајка прави неверојатни есенски фотографии од своите деца

Џесика Дросин е интернационално позната фотографка која живее во Лос Анџелес, Калифорнија. Како мајка на 2 сина, таа понекогаш има потешкотии да најде време за сè бидејќи има многу зафатен календар, но сепак успева да создаде уметност која ќе го разигра вашето срце. Нејзината работа е колоритна, драматична и исполнета со длабочина и емоции. Секоја фотографија зад себе има комплексна содржина и ве тера да посакате да гледате уште. Таа за својата работа и семејство вели:

„Се заинтересирав за фотографијата откако се роди моето второ дете. Морав да ја напуштам работата која ја имав во индустријата за видео игри, па токму затоа и барав начин на кој можев да го документирам растењето на моето семејство додека артистички да се надградувам. Никогаш не мислев дека ова ќе стане мојата секојдневна работа, но со напредокот на дигиталната фотографија пронајдов и одличен начин на кој можев да ја изразам мојата креативност во слободно време.“

(1) Мајка прави неверојатни есенски фотографии од своите деца


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар