Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Зимата за многумина од нас е најубавото годишно време затоа што ни ја носи магијата на новогодишните и божиќните празници, романтиката под студеното ѕвездено небо, адреналинот на скијачките патеки. Доколку сакате да ја искусите бајковитата зимска магија, а сè уште не знаете каде, ние сме тука да ви ги предложиме најубави зимски дестинации во Европа.

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Цермат, Швајцарија

Поголемиот дел од годината, Цермат е село потонато во мир и тишина. Но, за време на зимската сезона, овде доаѓаат скијачи од цел свет за да уживаат на безбројните скијачки патеки. Цермат е рај за искусните скијачи. Сепак, селото има што да им понуди и на туристите кои не скијаат. Прошетките во градот и по околните ридови се вистинско уживање бидејќи сонцето сјае и во студените денови и ги прави совршени прошетките во природа. Можете да се санкате или да шетате со водич и да откриете и други, помалку познати места во близина. Една од најпримамливите патеки за зимско планинарење е патеката од Блаухерд до Флухалп, долга околу 2 километри.

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Рејкјавик, Исланд

За многумина Исланд е најубав во зима. Ние во целост се согласуваме затоа што снежните пејзажи што ги нуди ова место мора да се видат и доживеат, барем еднаш во животот. Исланд, земјата на вечните гејзири, нуди авантури што не можете да ги најдете во другите европски земји. Секој февруари Рејкјавик е домаќин нa Зимскиот фестивал на светлата каде можете да уживате во светлосни инсталации и други активности на отворено. Доколку пак сакате да се загреете, Исланд е познат по своите геотермални базени каде можете да се капите во топла вода под студеното ноќно небо. Доколку сте по планинарењето не пропуштајте да направите обиколка по околните села на Рејкјавик како и да го посетите Големиот гејзир (се проценува дека е стар околу 10.000 години).

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Абиско, Шведска

Доколку сте во потрага по место кое нуди преубав поглед на поларната светлина, а сте со ограничен буџет, тогаш Абиско е вистинскиот избор за вас. Местото се карактеризира со посебна микроклима што ги зголемува шансите да видите разиграна светлина на небото, што не е случај со другите скандинавски дестинации. Абиско е совршена дестинација за љубителите на зимските спортови. Во близина на ова место се наоѓа првиот леден хотел во светот каде можете да преноќите на температура од -5 степени Целзиусови или да одите на турнеја со водич за да дознаете повеќе за неговата изградба и историја.

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Халштат, Австрија

Халштат е полн со бајковити цркви од 12 век и шармантни куќички расфрлани по снежните падини на планините Дахштајн. Халштат е гратче со население од 1.000 жители кои живеат во дрвени куќи. Кога е покриено со снег и мраз, гратчето изгледа како да е дел од руска бајка.

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Прага, Чешка

Во Прага зимата доаѓа на почетокот на зимата и трае сè до крајот на февруари, а за сето тоа време покривите и црковните куполи се постојано под снежна покривка. Зимската магија е доловена и преку многубројните новогодишни пазари. Прага е особено жива и весела во втората половина на декември кога ја посетуваат многубројни туристи. Февруари е исто така идеален месец за посета на овој град поради карневалската сезона со блескавата парада на костуми. За време на целата зимска сезона на многу места во градот има лизгалишта, а можете да слушнете и концерт на класична музика во некоја од средновековните цркви. Вреди да се спомене и фактот дека Прага е дом на повеќе од 100 музеи и галерии како и на една од најстарите библиотеки во светот.

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

Доколку се забавувавте со нашиот избор на најубави туристички зимски дестинации во Европа, ви препорачуваме да прочитате и  за снежните хотели во Скандинавија кои нудат поразличен зимски одмор.

Извор: wannabemagazine.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар