13 вежби за согорување масни наслаги за кои ви е потребно само едно нешто

Вежбите со ластик за фитнес се навистина едноставни, ќе ви помогнат да постигнете одлични резултати и можете да ги правите секаде. Ако сакате вежби за целото тело, нема потреба да одите во теретана или да купувате опрема за вежбање. Ластикот е ефективна алатка којашто ќе ви помогне да ги развиете вашите мускули користејќи ја силата на отпор. Имајте на ум дека постојат 2 вида ластик за вежбање – едниот е како круг, а другиот е многу подолг и има слободни краеви. За овие вежби ви е потребен вториот вид, но за некои вежби можете да го направите и во форма на круг.

1. Замавнување со ногата

13 вежби за согорување на масните наслаги за кои ви е потребно само едно нешто

13 вежби за согорување на масните наслаги за кои ви е потребно само едно нешто

Поставете го ластикот над глуждовите. Колку е помал кругот, толку е потешка вежбата. Замавнувањата можете да ги правите настрана, нанапред и наназад. Направете по 10-15 повторувања за секоја нога.

2. Исчекор настрана

13 вежби за согорување на масните наслаги за кои ви е потребно само едно нешто

Застанете со стапалата оддалечени колку рамената. Поставете го ластикот над колената. Направете чекор настрана и повторете 10-15 пати со секоја нога.

3. Чучнувања

13 вежби за согорување на масните наслаги за кои ви е потребно само едно нешто

Оставете го ластикот во истата положба и правете обични чучнувања. Повторете 15-20 пати.

4. Исчекор

13 вежби за согорување на масните наслаги за кои ви е потребно само едно нешто

Застанете со едното стапало врз ластикот, а со рацете фатете ги краевите. Направете по 10-15 исчекорувања со секоја нога.

5. Колена кон градите

13 вежби за согорување на масните наслаги за кои ви е потребно само едно нешто

Оваа вежба е малку потешка, но е одлична за мускулите на нозете и стомакот. Фатете го крајот на ластикот со рацете, поставете ги рацете во положба за планк и доближувајте го коленото до градите. Направете 5-10 повторувања со секоја нога.

Продолжува на следната страница…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар