Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Според Институтот за криминално истражување, во светот има 10,35 милиони луѓе кои се во затвор или се осудени на затворска казна. Во споредба со 2000-та година, бројот на жени затворенички се зголемил за 50%, додека бројот на мажи затвореници за околу 18%. Популацијата во затворите е различна низ целиот свет. На пример, во САД има 698 затвореници на 100.000 жители, додека во Данска има само 61. Па, погледнете како изгледаат затворските ќелии низ целиот свет.

1. Аранхуез, Шпанија

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Овој затвор им дозволува на родителите и на децата да отседнуваат со казнетите членови од семејството. На ѕидовите има ликови од Дизни, има соба за играње и игралиште. Целта е децата да не сфатат дека родителите им се зад решетки што е можно подолго.

2. Бастој, Норвешка

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Бастој е најголемиот затвор со слабо обезбедување во Норвешка. Затворот се наоѓа на остров, а северниот дел од островот е отворен и за јавноста. Организиран е како мала локална заедница со околу 80 згради, патишта, плажи, фудбалско игралиште и шума. Исто така има продавница, библиотека, црква, училиште и светилник. Затворениците, од кои некои се убијци и силувачи, живеат во навистина „удобна“ и „луксузна“ средина.

3. Лузира, Уганда

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

На затворениците во Лузира им е доделена поголема одговорност за разлика од затворите ширум светот. Затворениците се одговорни за одржување на хармонијата и функционалноста во единиците во коишто живеат. Овде спаѓа одгледување храна, нејзина подготовка и разнесување низ затворот. Затворениците се охрабрени да се образуваат, а агресија помеѓу нив речиси и да не постои.

4. Женскиот затвор Сан Диего, Колумбија

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Затвореничките од Сан Диего ја вкусуваат слободата секоја ноќ бидејќи работат како готвачки, келнерки и мијачки на садови во ресторан отворен во затворот. 25 од 180-те затворенички се сместени овде како дел од програма која им помага на жените кои се при крај со отслужување на казната да се вратат во општеството.

5. Халден, Норвешка

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Халден е затвор со максимално обезбедување, има 3 главни единици и затвореници од целиот свет. Ова е вториот најголем затвор во Норвешка и се фокусира на рехабилитација, односно го симулира животот надвор од затворот. Покрај другите активности, на затворениците им се достапни спорт и музика, а чуварите не се вооружени. Затворот често е критикуван како премногу либерален.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар