Зошто неуспехот е можеби најдоброто нешто што ви се има случено?

Целиот живот сме научени да бараме совршенство. Сигурно секој ваш напор е насочен во барање добро училиште, добри оценки, одлична работа, совршен партнер, дом од соништата и деца со беспрекорно однесување. Но, тогаш на патот ви застанува животот, се случуваат некои работи и доживувате неуспех. Сепак, неуспехот е неизбежен и ќе го доживеете многу пати во текот на животот.

Зошто неуспехот е можеби најдоброто нешто што ви се има случено?

Ќе паднете испит, ќе ја изгубите работата, ќе се разведете, ќе се соочите со финансиски проблеми… Во еден период ќе почувствувате како да не можете да се паднете пониско. Иако не е потребно да го допрете дното за да направите значајни промени во животот, кога сте таму доле посвесни сте за она што навистина треба да го направите.

Што е здраво, а што не?

Се разбира, ако сте во криза, страдате од депресија или имате самоубиствени мисли важно е веднаш да побарате стручна помош. Во други случаи е сосема нормално да бидете тажни кога сте се соочиле со неуспех. Потребни ви се време и простор да се поврзете со себе и со вашите потреби. Она што треба да го знаете е дека патот нагоре ќе биде напорен.

Најтешкиот дел е што никој не се подготвува за неуспехот. Ни кажуваат дека тој е нешто од коешто треба да се плашиме. Но ако го прифатите ќе можете да уживате во многу неочекувани нешта.

1. Совршеноста не постои

Вие не сте единствените кои не успеале. Грешките се дел од човечката природа. Секој има недостатоци и лекции што треба да ги научи. Кога ќе прифатите дека никој не е совршен, дури ни вие, ќе се чувствувате многу подобро. Неуспехот ве учи да бидете скромни и ви покажува дека животот не е само црн и бел. Вие вредите исто колку секого и имате можност да се подобрите.

2. Растењето се случува во бездната

Луѓето учат кога работат нешто. Животот е патување па во ред е да правите грешки. Всушност, постои очекување да направите грешка. Увидот доаѓа во најмрачните часови. Ќе добиете нова перспектива и ќе сфатите дека не сте забележале колку сте скршнале од вашиот пат. Сте ги заработиле вашите лузни, па носете ги гордо.

3. Сè се случува со причина

Можеби ќе го изгубите работното место и ќе се чувствувате ужасно. Но што ако тоа ви е можност да се посветите на она што навистина го сакате? Што ако отказот ви ги отворил вратите за подобра позиција во друга компанија? Иако причината за вашиот проблем можеби не е очигледна, со текот на времето ќе ви стане јасно. Имајте верба и универзумот ќе се погрижи за вас.

4. Она што не ве убива, ве прави посилни

Неуспехот е како градење мускули. Кога ќе претерате со вежбање на еден дел од телото, што правите? Се одморате, се грижите за себе и почнувате со поедноставни вежби. Истото важи и за неуспехот. Можете да ја засилите вашата отпорност и да се вратите во игра. Прифатете дека ќе има малку болка во закрепнувањето, па тешкотиите во иднина нема да ви претставуваат толкав проблем.

5. Ве чека нешто подобро

Никој не останал на дното засекогаш. Ако ви е потребна инспирација, има безброј приказни за познати личности, како Џ. К. Роулинг и Опра Винфри, кои навистина страдале но сепак успеале да стигнат до таму каде што се денес. За нив имало многу подобри можности, па ќе дојде и вашето време. Нурнете се во вашата душа кога сте сред неуспех. Размислете што сакате, а што не сакате во вашиот живот. Големите нешта им е случуваат на луѓето кои ја собираат својата храброст и ги следат нивните соништа.

6. Успехот е посладок на патот нагоре

Кога конечно ќе застанете на нозе, повеќе ќе ги цените малите нешта. Одеднаш ќе бидете благодарни за сонцето, за цвеќињата и за детската смеа. Оставете го товарот, уживајте во новиот почеток и искусете ги сите убавини на животот. Можеби ќе сфатите дека некогаш ужасната ситуација ве направила подобра личност. Знаете како да чувствувате болка, очај, срам и вина, па ќе можете да помогнете и некому во слична ситуација.

Погледнете и како да се справите со неуспехот на здрав начин.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар