Победникот помеѓу чувствата

Еднаш многу одамна, сите чувства се беа собрале на една ливада. Им било здодевно па лудоста предложила да играат криенка. Итрината се помислила, но сепак ја прифатила играта, љубопитноста веднаш скокнала подготвена за игра, а среќата почнала да скока и ги убедила воодушевувањето и сомнежот и тие да бидат дел од играта.

Само вниманието, гордоста и вистината биле против. Вниманието не сакало да ризикува. Гордоста мислела дека тоа е глупава идеја, а вистината не сакала да се крие, зошто на крај сепак ќе ја пронајдат.

Победникот помеѓу чувствата

Еден, два, три…почнала да брои лудоста.

Прва се сокрила мрзеливоста која само се фрлила на првиот камен на патот. Убавината скокнала во кристално чисто езеро, а верата се качила на небото. Зависта се сокрила во сенката на успехот, а заборавот заборавил дека треба да се сокрие. Великодушноста никако не можела да одлучи каде да се сокрие, зашто секое место ѝ се чинело совршено за некој од нејзините пријатели. Срамежливоста се пикнала низ пукнатината на едно дрво, а слободата го нашла своето место во дувањето на ветерот. Себичноста пронашла скришно место, само за себе. Лагата се сокрила на крајот на виножитото (Лаже! Била на дното на океанот), а страста во кратерот на вулканот.

Кога лудоста избројала до 99, љубовта уште не пронашла скривалиште затоа што се било зафатено, брзо се сокрила меѓу цветовите.

Лудоста избројала до 100, па почнала да бара.

Прво ја нашла мрзеливоста зад најблискиот камен. Набргу ја нашла верата како се расправа со Бог. Случајно тука се нашла зависта, а секако и успехот, а себичноста не требало ни да се бара, таа сама излегла од своето скривалиште каде се покажало дека има осило. Од толку барање лудоста ожеднала и сакајќи да се напие вода од кристалното езеро ја пронашла убавината. Така лудоста лесно ги пронашла сите.

Само љубовта не можела никаде да ја пронајде. Ги пребарала секоја грмушка и секоја планина и бесна ги здогледала ружите. Застанала меѓу нив, зела суво гранче и почнала да удира по прекрасните цветови. Одеднаш се слушнал болен крик. Трњата од ружите ги изгребале очите на љубовта. Лудоста ја молела љубовта да ѝ прости и на крајот одлучила засекогаш да остане покрај љубовта и да ѝ помага со цел да ѝ се оддолжи. Така љубовта станала победник над сите чувства, но останала слепа, па лудоста ја следи каде и да отиде.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. NEeVazno Reply

    Prekrasno! Alal da mu E Na Onoj Koj Go napisal

  2. Kathie Reply

    My frieeeeendd I lovee you!! <3

  3. babyface Reply

    Прекрасно многу добро напишано..

Остави коментар