Плажа која изгледа како огромно капучино

Пиејќи го вашето омилено кафе, можете да ги гледате прекрасните фотографии од овој навистина необичен феномен. Сигурно се прашувате за каква плажа со изглед на капучино станува збор? Плажа каде се служат бесплатни капучино кафиња? Или пак можеби плажа декорирана во бојата на капучиното? Сепак, не станува збор за никаква човечка креација. Овојпат природата си поиграла со океанските бранови и создала неверојатна, а воедно и прекрасна „капучино“ плажа.

Плажа која изгледа како огромно капучино

Се работи за исклучително несекојдневен феномен што неодамна повторно ги изненади жителите на Кејптаун во Јужна Африка. Во предградието, брановите од океанот во еден момент изгледале како пена од кафе, а самиот океан наликувал на голема шолја капучино. Оваа ретка и необична појава е позната уште како „морска пена“ или дури „плажарска пена“.

Плажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино

Според експертите, извонредните кафе-меурчиња настанале како резултат на распаѓањето и разградувањето на морските алги, мртвите риби и планктоните (ситни организми) кои лебдат на површината на водата. Моќните водни струи биле причина за формирањето на малите меурчиња, кои заедно го предизвикале овој навистина редок феномен.

Плажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино

Тие објаснуваат дека кога брзината на ветрот е поголема од шест метри во секунда, тогаш енергијата пренесена од ветерот во водата е пропорционално повисока и силата позната како „површински напон на водата“, не е доволна да ги држи заедно молекулите на површината. Тогаш, водата се „крши“ на мали капки и се формира бела пена што наликува на пена од кафе.

Плажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино

Таканаречената „капучино“ бура, ја изненадила Африка и во 2008 година, за потоа после четири години да се појави повторно. Погледнете и снимка од оваа несекојдневна појава.

Плажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар