Необична посета: Поучна приказна за влијанието на туѓите очекувања

Луѓето постојано имаат некакви очекувања од нас. Најголемите очекувања потекнуваат токму од семејството и од нашите најблиски. Иако нивните намери се добронамерни, родителите, роднините, пријателите и професорите понекогаш се обидуваат да ги остварат сопствените цели преку децата. На тој начин, децата го губат личниот идентитет и почнуваат да се претвораат во нешто што не се. Прочитајте ја следнава поучна приказна за да го разберете негативното влијание што го имаат туѓите очекувања на човечката психа…

Необична посета: Поучна приказна за влијанието на туѓите очекувања

Во дворот на една психијатриска болница еден човек сретнал младо момче, со бледо, убаво и зачудено лице.

„Зошто си тука?“, го запрашал.

Момчето изненадено го погледнало човекот и му одговорило:

„Прашањето ти е непристојно, но сепак ќе ти одговорам. Татко ми од мене сакаше да направи негова копија, а истото го сакаше и чичко ми. Мајка ми сакаше да бидам како нејзиниот почитуван татко. Сестра ми го истакнуваше нејзиниот сопруг морепловец како совршен пример на кого би требало да се угледам. Брат ми мислеше дека треба да бидам добар спортист како него. Така и моите учители, докторот по филозофија и професорот по музичко, сакаа моето лице да го покажува нивниот одраз во огледалото. Токму затоа дојдов овде. Средината ми делува поздрава. Барем можам да бидам она што сум.“

Потоа, момчето ненадејно се свртело кон човекот и го прашало:

„Туку, кажи ми, дали и тебе те одведоа тука образованието и добриот свет?“

Човекот одговорил:

„Не, јас дојдов во посета.“

„Значи ти си од оние што живеат во лудницата од другата страна на ѕидот“, рекло момчето и продолжило да гледа во далечина со збунет и зачуден поглед.

Прочитајте ја и оваа трогателна приказна која ќе ве научи дека не треба да им судите на луѓето.

 

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар