Некогаш озлогласени затвори – денес туристички атракции

.Алкатраз (Alcatraz), Калифорнија, САД

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Можеби најпознатиот затвор во светот, Алкатраз,е првиот во САД кој имал максимално обезбедување и кој не нудел никакви привилегии за затворениците. Сместен на карпест остров и опкружен со многу ладна вода од заливот на Сан Франциско, се сметало дека од него е невозможно да се избега. Од 36 мажи кои се обиделе да извршат бегство, 23 биле фатени, 6 биле застрелани и убиени, а двајца се удавиле. Останатите 5 затвореници никогаш повеќе не биле видени.  Денес Алкатраз е комплетно отворен за посетителите како туристичка атракција и се наоѓа под покровителство на „National Park Service“.

Лондонската кула (Tower of London), Лондон, Англија

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Лондонската кула“ функционирала како затвор од 1100-тата година, до средината на 20-от век. Во него биле задржувани најголемите злосторници и криминалци од Англија меѓу кои и Сер Томас Мур, кралот Хенри VI, Ана Болејн, Катерина Хауард и многу други. Денеска замокот е најпопуларната туристичка атракција во Англија, а во неа се чуваат богатството и накитот на кралската круна.

Островот Робен,(Robben Island) Кејп Таун, Јужна Африка

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Островот се наоѓа во близина на Кејп Таун и во текот на годините имал многу функции. Сепак, најпознат е по тоа што претставувал затвор под режимот на апартхејдот. Познатите Нелсон Мандела и Кгалема Мотланте, се само дел од многуте политички затвореници кои го отслужиле своето време во овој затвор. Денеска Островот Робен е популарна туристичка атракција, а до нејзе се стигнува со ферибот од Кејп Таун.

Замокот на Иф (Chateau d’If), Марсеј, Франција

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Chateau d’If“ е добро познат поради неговото споменување во романот „Грофот од Монте Кристо“ од Александар Дима. ОД 1634 година до крајот на 19 век, овој замок се користел како затвор за верски и политички затвореници. Во тоа време, оние од повисоките класи со подлабок џеб, во затворот имале поголеми привилегии од оние помалку среќните. Замокот бил демилитизиран и отворен за посети во 1890 година. Денеска е еден од најпознатите затвори во светот.

Островот на ѓаволот (Devil’s Island), Француска Гвајана

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

За првпат затворот бил отворен во 1852 година под владеење на царот Наполеон III. За време на 94-годишното постоење, во ова историско место одлежале многу затвореници, од политички злосторници до најопасни криминалци. Невозможно било да се избега поради густата шума  и водената површина полна со пирани која го опколувала островот. Затворот е затворен од 1952 година и оттогаш секоја година го посетуваат илјадници туристи.

Замокот Елмина (Elmina Castle), Елмина, Гана

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Замокот „Елмина“, изграден во 1492 година, е најстарата европска градба, која се наоѓа јужно од Сахара. Повеќе од 300 години служел за чување на лицата кои биле грабнати со сила, за подоцна да бидат продавани како робови. Понекогаш една ќелија делеле повеќе од 200 души, без простор да можат да прилегнат. Во 18-от век повеќе од 30 000 робови циркулирале низ замокот. Денес замокот е признаен од УНЕСКО како светско културно наследство и претставува популарна туристичка организација.

Островот Гори (Goree Island), Сенегал

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Илјадници робови поминувале низ овој остров, пред Франција да ја укине трговијата со робови во 1848 година. Едно од најозлогласените места на островот е „Maison des Esclaves“ или „Домот на робовите“ каде што се чувале робовите пред да бидат качувани на бродови и упатувани во правец накај Новиот Свет (Америка). Сега островот претставува музеј и е заштитен од УНЕСКО како светско културно богатство, а истовремено претставува почетна точка на Афро-американците за наоѓање на своите корени.

Туол Сленг (Tuol Sleng), Пном Пен, Камбоџа

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Започнал со работа во 1975 година во време на владеењето на Црвените Кмери. Сместен во зградата на поранешното средно училиште, „Туол Сленг“ бил еден од најстрашните затвори во светот. Затворениците биле секојдневно рутински измачувани, сѐ со цел да ја признаат вината за своето зло дело. Откако ќе го признаеле злосторството или ќе ги кажеле соучесниците и нарачателите, тие биле убивани. Од 17 000 луѓе приведени во затворот, за време на неговото четиригодишно постоење, познати се само неколкумина преживеани. Од 1979 година, затворот работи како музеј за потсетување на делата направени за време на владеењето на Црвените Кмери.

Хоа Лоа, (Hoa Loa) Ханој, Виетнам

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Изграден е од Франција со цел да ги затвора виетнамските политички злосторници. Војската на Северен Виетнам го употребувала за затворање на заробеници во Виетнамската војна. Во него затворениците биле изложувани на глад и мачење, а често биле и убивани. Интересен факт е тоа што противникот на Барак Обама на последните избори за претседател на САД, Џон Мекејн одлежал во овој затвор пет и пол години откако бил фатен од Виетнамците. Само дел од затворот моментално функционира како музеј. Остатокот бил срушен во 1990 година додека се граделе висококатниците кои сега се наоѓаат околу него.

Пристаништето Артур (Port Arthur), Тасманија, Австралија

Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

Од 1833 година до 1850 година, бил дестинација за најголемите криминалци од Британија и Ирска. Денеска се останати многу од зградите како казнено-поправниот дом, болницата, менталната институција и црквата која ја изградиле затворениците. Овој затвор спаѓа во светското културно наследство на УНЕСКО и секоја година е цел на многу туристи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар