Најлошите запросувања на сите времиња кои ќе ве насмеат до солзи

Најлошите запросувања на сите времиња кои ќе ве насмеат до солзи

Сигурно сте се изнаслушале еден куп приказни за емотивни и романтични запросувања кои засекогаш се паметат. Но, што е со оние кои сопружниците со задоволство би ги заборавиле? За нив многу ретко се зборува, но и тие знаат да бидат интересни и посебни на свој начин и што е уште поважно, урнебесно смешни! Прочитајте ги следниве случувања кои слободно можат да се сместат во категоријата најлоши запросувања на сите времиња…

Најлошите запросувања на сите времиња

„Татко ми е познат по тоа што е многу нетактичен. Начинот на кој ја има запросено мајка ми е најлошиот на светот. Ја прашал колку килограми може да изгуби до септември. Кога таа збунето го погледнала, тој ѝ одговорил дека тогаш би можеле да направат свадба.“

„Бевме на музички фестивал и испивме малку повеќе. Направив прстен од две тревки. Страшно.“

„Другар ми купи за девојка му дијамантски прстен без никаква намера да ја побара за жена. Таа го отворила подарокот и рекла: ’Секако дека ќе се омажам за тебе!’. Наместо да ја разјасни непријатната ситуација, тој одлучил да се преправа дека навистина сакал да ја побара за жена. На крајот раскинаа.“

„Жена ми вели дека запросувањето ѝ останало во сеќавање како трауматично искуство. Пред 6 месеци беше бремена со нашето прво дете. Бевме дома и се подготвуваме да отидеме на еден саем. Ѝ реков дека мораме сериозно да разговараме и почнав да зборувам како нешто многу ми пречи во нашата врска и дека тоа би можело да се реши само доколку… Таа се омажи за мене! Пред да ги изговорам последните зборови, таа помисли дека раскинувам со неа и дека ќе ја оставам сама со детето. Почна да плаче, ме удри и на крајот прифати. Голем среќник сум што е моја, но би сакал да го изведев сето тоа малку поинаку.“

„Ја запросив сопругата со малку помош. Полицаец го запре во нејзиниот автомобил и ја замоли да излезе надвор бидејќи била осомничена за некаков криминал. Таа стана многу нервозна и тогаш полицаецот извади моја фотографија и ѝ кажа: ’Сте го украле срцето на овој човек.’ Тогаш излегов од полицискиот автомобил и клекнав пред неа.“

Најлошите запросувања на сите времиња

„Запросувањето на татко ми било ужасно. Требало на мотор да дојде по мајка ми после работи и доцнел. Целиот пат до дома таа му досадувала со тоа. Кога стигнале дома веќе бил прилично лут. ’Сакаш да знаеш зошто доцнев? Еве ти!’, викнал и го фрлил кутичето со прстен на подот. Доцнел затоа што го бирал свршеничкиот прстен. Родителите ми го раскажаа ова кога одлучив да ја запросам мојата девојка и ме советуваа во никој случај да не го пробувам овој метод.“

„Ја запросив девојка ми на крстарење во Египет. Ни беше лошо тој ден затоа што пиевме од локалната вода која малку ни го расипа желудникот. Рацете на девојка ми беа отечени од жештината, па прстенот не можеше да влезе на прстот. Пред да се вратиме дома, го беше спакувала во куфер, но авиокомпанијата го изгуби нашиот багаж. Кога конечно ни го вратија багажот видовме дека шишето вино што го купивме како сувенир се скршило и се истурило на сите наши работи во куферот.“

„Стоевме на скали во куќата на моите родители. Беше многу непријатен момент. Брат ми само што се имаше истуширано и помина покрај нас замотан во пешкир. Потоа седна на скалите за да нѐ гледа. Ужас.“

„Раскинавме и продолживме понатаму со животот. Потоа ми се јави и ми рече дека сака да разговара со мене. Му реков да дојде кај мене. Седевме во неговиот автомобил, а тој плачеше и ме молеше да се омажам за него. Одбив. По еден месец ми се јави и ми рече дека ќе стане татко. Испадна дека ме имал изневерено уште пред да раскинеме.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар