Можете ли да го забележите духот на оваа црно-бела фотографија?

Оваа фотографија од 19-ти век го преплави Интернетот откако на неа било забележано нешто навистина морничаво. На прв поглед, на фотографијата направена во 1900-тата година има 15 жени, во нивните работни униформи од Белфаст, Ирска. Но, ако погледнете повнимателно, ќе забележите нешто малку необично. Можете ли да го видите духот помеѓу работничките?

Можете ли да го забележите духот на оваа црно-бела фотографија?

Малку помош: Ако ја погледнете жената на десниот крај од фотографијата, во вториот ред од доле, ќе забележите рака на нејзиното десно рамо. А и двете жени зад неа се со прекрстени раце, така што раката не може да припаѓа на ниту една од нив! Погледнете уште еднаш подобро:

Можете ли да го забележите духот на оваа црно-бела фотографија?

Се чини дека жената воопшто не ја ни забележува раката без тело на нејзиното рамо, а ние не можеме да пронајдеме друг доказ за паранормална активност на фотографијата. Исто така, не постои доказ дека се работи за Фотошоп.

Иако жената на фотографијата делува смирено, сигурни сме дека вас веднаш ќе ве полазат морници!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар