Постојано сте заедно и сите мислат дека сте пар: Дали тој сака нешто повеќе од пријателство?

Постојано сте заедно и сите мислат дека сте пар: Дали тој сака нешто повеќе од пријателство?

Вашиот најдобар пријател без сомнение ви е еден од најдрагите личности на оваа планета. Вие постојано разговарате, на телефон или во живо, го поминувате секој слободен момент заедно и едноставно уживате во своето присуство. Но, дали тој можеби почнал да чувствува нешто повеќе за вас или пак, сепак станува збор за искрено пријателство кое едноставно нема граници?

Постојано сте заедно и сите мислат дека сте пар: Дали тој сака нешто повеќе од пријателство?

1. Понекогаш се однесувате како да сте вистински пар – Кино, вечера, прошетки, готвење во неговиот или вашиот дом… Со сите овие нешта тој се обидува индиректно да ви каже дека веќе ве замислил како пар и му се допаѓа тоа што го видел, но сè уште не е сигурен во вашите емоции кон него и токму затоа ништо не ви спомнал.

2. Физичките допири ви се сосема нормални – И не само тоа, туку во последно време како тие да стануваат сè почести и подолготрајни. Особено кога станува збор за прегратките, кои претходно биле сочинети само од пријателски емоции, а сега веќе преминуваат во страст.

3. Сите останати луѓе околу вас мислат дека сте пар – Никој не би помислил нешто вакво доколку не сте дале знак дека можеби помеѓу вас има нешто повеќе. Особено кога станува збор за пријателите. Тие толку добро ве познаваат, што понекогаш успеваат да ги почувствуваат работите што уште не ви се ни случиле.

4. Тој ја помни секоја ситница – Сè што ќе му кажете, без разлика колку мало било, за него има големо значење. Тој се обидува да ги запомни сите нешта кои му ги кажувате, со цел да може понатаму да ги искористи во своја корист кога ќе дојде време да направи нешто посебно за вас.

5. Се дотерува – Тренерките се за дружење со другарите. Но, кога сте вие во прашање тој се облекува подобро и внимава на својата фризура. Ако мислевте дека само жените го прават тоа, тогаш дефинитивно сте во заблуда. Доколку забележите дека тој се облекува поинаку кога е со вас, одошто кога е со другарите, тогаш големи се шансите дека сака да ви остави впечаток.

6. Постојано се слушате – По неколку пати во текот на денот, а особено навечер пред спиење. Тој сака да знае точно каде сте, што правите, каков е вашиот ден и дали имате некакви планови за вечерта. На овој начин знае и точно како да си го испланира своето време за да биде повеќе со вас. Деновите кога нема да се видите, тој нема да заборави да ви посака да имате добра ноќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар