Неверојатна приказна за жената: Таа пее кога сака да плаче и се смее кога сака да вика

Неверојатна приказна за жената: Таа пее кога сака да плаче и се смее кога сака да вика

Жените постојано ги изненадуваат мажите со нивната сила. Тие ги воспитуваат децата и ги издржуваат сите потешкотии, а истовремено блескаат од среќа, љубов и радост. Тие се смеат кога сакаат да викаат. Пеат кога сакаат да плачат. Плачат кога се среќни и се смеат кога се тажни. Не прифаќаат „Не“ како одговор кога знаат дека постои подобро решение. Тие се борат за она во кое веруваат и храбро им се спротивставуваат на неправдите. Прочитајте ја следнава приказна за настанокот на жената и нејзината бесценета улога во светот…

Неверојатна приказна за жената: Таа пее кога сака да плаче и се смее кога сака да вика

Ангелот ѝ пришол на жената и ја допрел.

„Боже, но таа е толку нежна.“

Да, таа е нежна“, се сложил Креаторот на светот. „Но, ја направив и силна. Не можеш ни да си замислиш колку многу може таа да издржи и колку многу може да направи.“

„А умее ли да размислува?“

„Таа не само што е способна да размислува, туку и да изнесува аргументи и докази.“

Тогаш Ангелот забележал нешто, ја испружил раката и го допрел образот на жената.

„Ох, овој модел изгледа пропушта вода. Ти реков дека не треба да се обидуваш да сместиш премногу работи во неа.“

Не пропушта“, одговорил Креаторот. „Тоа е солза.“

„А, што ќе ѝ е солзата?“, се изненадил Ангелот.

Креаторот објаснил:

„Преку солзата таа може да ја изрази нејзината радост, тага, емоција, болка, разочарување, осаменост и гордост.“

Ангелот бил импресиониран

„Боже, па ти си гениј! Нема сомнеж дека си мислел на сѐ, бидејќи жената е навистина неверојатна!

„Жената, велат, настанала од машкото ребро.

Не од нозете за да биде понижувана,

Не од главата за да биде надминувана,

Туку од делот под рацете за да биде заштитена,

И од страната на срцето за да биде сакана.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар